Писмо од 8-годишно девојче: „Дедо Мраз, те молам донеси пари за да им помогнам на мама и тато со сметките и кредитот“
- Детали
- вторник, 13 декември 2022
„Сè што сакам за Божиќ е пари за мама и тато, затоа што се борат со плаќање на сметките и кредитот за домот и тоа ме прави многу, многу тажна. Те молам Дедо Мраз, помогни им. Дали можеш да го направиш тоа? Знам дека е многу. Извини!“... Гласи трогателното писмо од 8-годишната Еми од Велика Британија. Наежува, зарем не?
Никол од Велика Британија на својот Твитер профил прикачи фотографија од писмото до Дедо Мраз, напишано од нејзината внука Еми (8).
Малата Еми наместо да бара од Дедо Мраз нови играчки и разни подароци, годинава одлучила да го замоли Дедо Мраз да им помогне на нејзините родители за да не се мачат со огромниот кредит кој го имаат за нивната куќа (под хипотека).
Нејзиното писмо гласи:
„Сè што сакам за Божиќ е пари за мама и тато, затоа што се борат со плаќање на сметките и кредитот за домот и тоа ме прави многу, многу тажна.
Те молам Дедо Мраз, помогни им. Дали можеш да го направиш тоа?
Знам дека е многу. Извини!
Со љубов, Еми...“
Девојчето дури нацртало и тажни знакчиња.
Писмото наежува и трогнува, зарем не? И говори за големината на срцето на едно мало девојче, кое очигледно е способно и тоа како за емпатија.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com