„По разводот го променив личниот опис – сега личам на Меган Фокс и се чувствувам моќно“ (фото)

„Бев заглавена во завршување на обврските што се очекуваа од мене како сопруга и мајка и не давав приоритет на тоа како изгледам“ – вели оваа 29 годишна жена од САД, која по разводот одлучила веќе да не се облекува како пристојна мајка и домаќинка, а сега сите ја споредуваат со Меган Фокс.

po-razvodot-go-promeniv-lichniot-opis-sega-licham-na-megan-foks-i-se-chuvstvuvam-mokjno-foto-01.jpg

Мариса Пул (29) од САД вели дека по разводот одлучила да си го смени личниот опис и да не се придржува повеќе до уверувањата дека треба да личи на пристојна мајка и сопруга.

po-razvodot-go-promeniv-lichniot-opis-sega-licham-na-megan-foks-i-se-chuvstvuvam-mokjno-foto-04.jpg

Уште на 12-годишна возраст била вљубена во рок музиката, а за американските медиуми Мариса раскажува дека го запознала својот поранешен сопруг на возраст од само 17 години.

po-razvodot-go-promeniv-lichniot-opis-sega-licham-na-megan-foks-i-se-chuvstvuvam-mokjno-foto-02.jpg

Мариса и нејзиниот сопруг биле заедно 12 години, а со него добила и две деца што денес се на возраст од 6 и 2 години, но, во јануари годинава тие одлучиле да стават крај на бракот.

„Моето ментално здравје беше на најниско ниво. Бев заглавена во завршување на обврските што се очекуваа од мене како сопруга и мајка и не давав приоритет на тоа како изгледам или на другите аспекти од мојот живот.

Како станувате повозрасни, така се менувате како личност и вашите верувања се менуваат. Се загубив себеси, додека бев во брак, како што тоа им се случува на голем број жени“ – вели таа.

po-razvodot-go-promeniv-lichniot-opis-sega-licham-na-megan-foks-i-se-chuvstvuvam-mokjno-foto-03.jpg

Мариса нагласува дека одлуката за разделба била заедничка откако таа и нејзиниот поранешен сопруг сфатиле дека нивните деца заслужуваат подобар живот од оној што тие како пар можеле да им го дадат.

По разводот, водена од својата љубов кон алтернативната рок музика, Мариса одлучува целосно да го промени својот изглед.

po-razvodot-go-promeniv-lichniot-opis-sega-licham-na-megan-foks-i-se-chuvstvuvam-mokjno-foto-05.jpg

Кратката боб фризура ја заменила за долга црна коса, а на телото додала 11 нови тетоважи и пирсинзи, па сега тврди дека луѓето постојано ја споредуваат со Меган Фокс.

„Конечно можев да бидам своја. Знам дека ако изгледам убаво однадвор, ќе се чувствувам убаво и одвнатре затоа што сум реална и искрена пред луѓето и не се кријам од светот затоа што се плашам. Тоа дефинитивно беше долг процес, не се случи сѐ преку ноќ“ – раскажува таа.

po-razvodot-go-promeniv-lichniot-opis-sega-licham-na-megan-foks-i-se-chuvstvuvam-mokjno-foto-08.jpg

Таа вели дека промената влијаела позитивно на неа и им препорачува на сите мајки да одвојат време за себе секој ден и да прават нешто што ќе им помогне да се чувствуваат поубаво.

„Сега секој ден поминувам по половина час во шминкање и подготвување. Само кога се чувствувате убаво, на светот можете да му ја понудите најдобрата верзија од себеси.

Се чувствувам како целосно поинаква личност. Самоуверена сум и своја, а луѓето постојано ме споредуваат со Меган Фокс и тоа ми годи – вели таа.

po-razvodot-go-promeniv-lichniot-opis-sega-licham-na-megan-foks-i-se-chuvstvuvam-mokjno-foto-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg