Неверојатна трансформација на Англичанка (42) откако го оставила сопругот што ја правел несреќна (фото)

Цели 18 години, Ема од Англија била во брак со сопруг кој не ја прави среќна, поради што целосно се запоставила. Но, по разводот во 2021 година, Ема драстично си го променила животот, но и изгледот и вели дека е посреќна од кога било.

neverojatna-transformacija-na-anglichanka-42-otkako-go-ostavila-soprugot-shto-ja-pravel-nesrekjna-foto-01.jpg

Разводот е особено тежок период во животот и иако многумина се обидуваат да го избегнат по секоја цена, во некои ситуации е сепак подоброто решение и за двајцата партнери.

Доколку партнерите не се среќни заедно, помеѓу нив повеќе нема љубов или се соочуваат со проблеми како неверство, па и домашно насилство, разводот навистина може да биде многу подобра опција.

Несреќниот брак има влијание врз целиот живот на една личност, а одличен пример за ова е неверојатната трансформација на 42-годината Ема Шепард од Англија.

neverojatna-transformacija-na-anglichanka-42-otkako-go-ostavila-soprugot-shto-ja-pravel-nesrekjna-foto-02.jpg

Цели 18 години, Ема била во брак со маж кој правел да се чувствува безвредно. Во комбинација со бројните обврски во домот и на работа, Ема целосно се запоставила себеси и воопшто не била задоволна ни од својот изглед, ни од личноста во којашто се претворила.

Во 2021 година Ема ставила крај на несреќниот брак и оттогаш драстично си го променила и изгледот, и животот.

neverojatna-transformacija-na-anglichanka-42-otkako-go-ostavila-soprugot-shto-ja-pravel-nesrekjna-foto-05.jpg

По разводот, Ема, која е мајка на две деца, почнала да води многу подобра грижа за себе и сега оди во теретана, се храни многу поздраво и редовно излегува со пријателите.

Ема вели дека сега е подготвена и за нова љубов во нејзиниот живот, па си направила и профил на Тиндер.

„Пресреќна сум што си го променив животот. Се чувствувам неверојатно и убавината навистина доаѓа однатре. Претходно само работев и водев грижа за другите околу мене. 

Но, откако се разделив од сопругот, сфатив дека сега е време да се грижам за себе. Изгледав старо, празно и истрошено, но сега животот ми е прекрасен. Среќна сум и изгледам многу поразлично“.

Ема се венчала во 2000-та, кога имала 22 години.

„Се венчав за целиот живот да го поминам со него. Најважни ми беа тој и моите ќерки“.

neverojatna-transformacija-na-anglichanka-42-otkako-go-ostavila-soprugot-shto-ja-pravel-nesrekjna-foto-06.jpg

Пред неколку години, односот помеѓу Ема и сопругот почнал да се влошува, па тој се иселил од нивниот дом и во 2021 година се развеле.

„Откако си замина од дома се чувствував безвредно – имав панични напади. Немав самодоверба и се чувствував изолирано. Како само да постоев.

Но, еден ден се разбудив и си реков: ’Доаѓаш од семејство со силни жени, слободна си и можеш да си го промениш животот‘. Сфатив дека можам да постигнам многу“.

neverojatna-transformacija-na-anglichanka-42-otkako-go-ostavila-soprugot-shto-ja-pravel-nesrekjna-foto-04.jpg

Најпрво Ема решила да се фокусира на својот моден стил – ја заменила монотоната облека со тренди парчиња што ѝ се допаѓале и првпат во животот се осмелила да си стави црвен кармин.

Претходно Ема пушела по цела кутија цигари дневно, но кратко по разводот драстично го намалила овој број.

Си нашла и втора работа во бар, а почнала и петпати неделно да оди во теретана.

neverojatna-transformacija-na-anglichanka-42-otkako-go-ostavila-soprugot-shto-ja-pravel-nesrekjna-foto-03.jpg

Потоа го променила и начинот на исхрана, а резултатот од сиот труд е повеќе од очигледен.

„Сега сум многу поразлична. Луѓето ми велат дека изгледам многу подобро во споредба со порано, а мислам дека причината за ова е тоа што сум среќна.

Најчудно е што верував дека сум среќна додека бев во брак. Но, дури сега сфаќам дека во бракот немаше емоции. Сега постојано сум насмеана и ова е само почетокот“.

Ема вели дека сега е подготвена и за нова љубов, но уште го нема најдено совршениот партнер.

neverojatna-transformacija-na-anglichanka-42-otkako-go-ostavila-soprugot-shto-ja-pravel-nesrekjna-foto-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg