Места кои вредат
- Детали
- вторник, 03 март 2009
Најголемите бисери во светот. Потрудете се да ги посетите овие културни, историски и природни убавини пред да исчезнат засекогаш, бидејќи тоа е суровата....
...реалност.
Таџ Махал
Изграден од Шах Џахан (петтиот владетел на династијата Мугал) со цел таму да ја погреба својата омилена жена - Мумтаз Махал.
Го посетуваат три до четири милиони туристи годишно. Токму поради гужвата и воздушното загадување кои ја уништуваат неговата бела камена фасада, одговорните за туризам во земјата се залагаат за затварање на оваа градба од 17 тиот век за јавност, со цел да се задржи неговата фантастична симетрија - елегантната централна купола и четирите странични.
Шах Џахан го изградил овој споменик покрај реката Јамуна, и покрај константниот ризик од нејзино изливање.
Изградбата почнала во 1641 година, работеле 20.000 работици (плус се користеле животни - слонови и волови), и биле потребни 22 години за да се заврши; користен е мермер од Раџастан-скапоцени камења од Азија.
Што ќе направи Индиската влада за да го заштити ова богатство?
Островот Lord Howe во Австралија
Повеќе од половина од ретките видови на птици на овој остров се жртви на ловците, црни стаорци, мачки и бувови и останати диви животни.
Сега кога овој остров е заштитен и под надзор, најсериозни закани за негово уништуваење претставуваат нафтата и хемиските загадувачи на водата, како и подземни загадувачи од неисправна канализација.
На овој остров е дозволено истовремена посета само на 400 туристи. 75% од островот, вклучувајќи ги планините во јужниот дел и висорамнините во северниот, се постојан заштитен резерват.
Островот претставува дом на повеќе од 130 видови птици, вклучувајќи ги постојаните видови како и оние кои мигрираат.
По источниот брег може да се ужива во глетката на различни морски птици - ѕвезда помеѓу нив е една од светски најретките птици Providence petrel.
Карактеристично е што тие се карактеризираат како птици кои имаат премногу доверба во луѓето, а често може и да се решат да одморат во вашиот скут.
Пирамидите во Гиза
Единствено од седумте светски чуда кое сеуште постои - Кеопсовата, Кефреновата и Микериновата пирамида. Изградени се некаде околу 2650 и 2550 година пред Христа.
Се смета дека ги граделе близу 100.000 работници иако начинот на нивната градба до денес е тајна.
Пред најголемата- Кеопсовата пирамида се наоѓа Сфинга висока 20 метри и долга 74 метри. Денес, безброј продавачи на сувенири, групи туристи и таксисти го преполнуваат влезот на Пирамидите.
Загадувањето во Каиро ја зафаќа и оваа археолошка зона, сепак Египетските власти сеуште не превземаат ништо за заштита на ова огромно богатство, затоа посетете задолжително пред тоа да биде забрането.
Гу Гонг (забранетиот град)
Овој комплекс е стар повеќе од половина милениум - императорите живееле во Забранетиот Град од 1420-1923.
Иако веќе еднаш забранет, денес годишно го посетуваат околу 7 милиони посетители. Најчесто тоа се Кинези кои се обидуваат да го откријат своето потекло.
Постојат региони во овој град кои може да бидат затворени за време на посетите заради масовно реновирање кое се планира да заврши во 2020 година.
Овој град претставува една импресивна градба каде владее постојана хармонија и се чувствува моќта на Кинеската Империја. Изграден од армија работници за само 14 години, иако претрпел различни грабежи, пожари и други непогоди, она што денес може да се види е остаток од 17 век.
Задолжително посетете ја Портата на Рајскиот Мир, каде Мао Це Тунг го одржал својот драматичен говор откривајќи ја Народната Република во октомври 1949 година.
Малата Зелена Улица
Малата Зелена Улица не се наоѓа во центарот на Лондон, но можеби и затоа успеала да опстане толку долго. Таа всушност претставува црна-долга улица со безброј куќи - остатоци од 18от век.
Оваа улица се смета дека е во опасност бидејќи се почнува изградба на нови објекти кои би можеле да ги загрозат овие 225 години стари градби. Се предвидува дека би можеле да опстанат уште 4 години од сега.
Малата Зелена Улица е прославена во името на Британскиот поет Џон Бетјеман и често се користи за снимања на музички спотови и фото сесии.
Кампањата за да се сочува оваа улица наиде на поддршка не само кај безброј семејства кои живеат овде, туку и кај мнозинство актери, музичари и уметници кои сакаат да ја сочуваат Лондонската историја.