Принцот Џорџ главна ѕвезда на Вимблдон со смешните реакции – се проѕева, го чепка носот и го запозна Новак Ѓоковиќ (фото)
- Детали
- понеделник, 11 јули 2022
По смешните реакции на принцот Луи на Јубилејот на кралицата, сега и принцот Џорџ го привлече вниманието на јавноста со детските гримаси на финалето на Вимблдон. Малиот принц имаше и можност да го запознае Новак Ѓоковиќ, но и да го допре пехарот што го освои тенисерот.
Во неделата, 10-ти јули, се одржа финалето на Вимблдон, а на настанот принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ја изненадија јавноста кога се појавија со нивното најстаро дете – принцот Џорџ.
Слично како неговото братче на Јубилејот на кралицата, принцот Џорџ беше главна ѕвезда со неговите слатки гримаси.
Ова е прво појавување на 8-годишниот принц на популарниот турнир, а за пригодата тој носеше темносин костум.
Додека траеше натпреварот, принцот Џорџ се однесуваше како и секое дете на негова возраст, а беше уловен и во непријатна ситуација додека чепка нос.
Најпрво правеше гримаси, се смееше, но и внимателно го следеше натпреварот. По некое време веројатно му станало малку здодевно и се проѕеваше.
Малиот принц седеше до неговите родители, а Кејт уште една покажа дека е мошне грижлива мајка додека постојано му обрнуваше внимание на Џорџ.
Новак Ѓоковиќ повторно победи на турнирот, а малиот принц имаше можност да се запознае со него, па дури и да го допре пехарот.
Од фотките и видеата е јасно дека принцот е пресреќен за оваа можност.
На настанот Кејт Мидлтон изгледаше беспрекорно како и обично, со темносин фустан со бели точки. Принцот Вилијам носеше темносини панталони и бела кошула, во комбинација со сиво сако.
Нивните помали деца не беа присутни на натпреварот.
Погледнете и Проѕевање, исплазен јазик: Најсмешните реакции на децата од кралското семејство за време на важни настани (фото)
Повеќе фотки од настанот:
Спирова С. | Црнобело