- Детали
-
недела, 05 јуни 2022
-->
Деновиве принцот Луи е главна ѕвезда со смешните реакции за време на прославите по повод Платинестиот јубилеј на Елизабета, а тој не е единственото дете од кралското семејство што ја забавувало публиката на овој начин.
Со слатките детски реакции, принцот Луи е главна ѕвезда на прославите по повод Платинестиот јубилеј на кралицата.
-->
На неодамнешното појавување на кралското семејство на балконот од Бакингемската палата, 4-годишниот Луи ги забавуваше присутните со неговите смешни реакции, а уште поинтересен беше неговиот краток разговор со кралицата.
-->
-->
Претходно, додека траеше парадата, малото момче енергично ѝ мавташе на публиката, поради што неговата сестра Шарлот го искара.
-->
Нo, ова не е првпат малиот принц да ги забавува присутните од балконот, а и други дечиња од кралското семејство направиле нешто слично:
Во 2019 година принцот Луи првпат се појави на балконот со кралското семејство и не изгледаше воопшто воодушевен од настанот.
Во 2018-та, пак, повторно на балконот, најзабавни за гледања беа пра-правнуката на кралицата – Савана Филипс – и малиот принц Џорџ. Веројатно малиот принц не престанувал да зборува, па во еден миг Савана му ја покри устата со раката.
-->
Претходната година, во 2017-та, принцот Џорџ изгледаше како да му е многу здодевно на балконот, додека принцезата Шарлот радосно покажуваше кон публиката.
Во 2011-та, за време на венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, покрај младоженците стоеја и неколку дечиња од кралското семејство. Додека публиката гласно ракоплескаше, едно од девојчињата си ги покри ушите и гневно чекаше да помине моментот.
На појавување во 2010 година, друго девојче од кралското семејство дури и си задрема на оградата од балконот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира: