Принцезата Шарлот (7) го кара помалото братче Луи (4) да не мавта толку силно – слатко видео од кралските деца
- Детали
- четврток, 02 јуни 2022
Очигледно, двете поголеми деца на Вилијам и Кејт, имаат задача да го научат 4-годишниот Луи на строгите кралски протоколи. Шарлот мораше да го опомени помалото братче да не мавта толку силно додека се возеа во кочијата. Погледнете го видеото...
Трите деца на војводата и војвотката од Кембриџ Вилијам и Кејт денес беа во фокусот на вниманието, кога се појавија во кралска кочија за време на парадата во Лондон, што се одржува четири дена пред Платинестиот Јубилеј на кралицата.
Најстариот од тројцата, принцот Џорџ (8) беше облечен како мал бизнисмен, принцезата Шарлот (7), пак, носеше син фустан, додека Луи (4) повторно го украде вниманието, затоа што изгледаше неодоливо во морнарскиот костум.
Принцот Луи премногу наликува на неговиот татко Вилијам, а во оваа пригода најверојатно го носеше истиот костум што татко му го носеше на парадата по повод јубилејот на кралицата во 1985-та година.
Принцезата Шарлот беше забележана како го опоменува помалиот брат Луи да не мавта толку силно. Сепак тој одлучи да не ја послуша и да продолжи да им мавта на присутните.
Погледнете го видеото:
Децата во кочијата беа придружувани од нивната мајка, Кејт и сопругата на принцот Чарлс, Камила.
Инаку прославата по повод платинестиот јубилеј на Кралицата Елизабета Втора ќе се одржи во недела, на 5-ти јуни, а кралицата ќе биде првиот британски монарх што ќе прослави 70 години владеење.
Погледнете уште едно видео во продолжение:
Дополнително, на денешната парада за првпат по две години и по скандалозното интервју кај Опра, Меган и Хари се вратија за да присуствуваат на парадата.
Заедно со нив се и нивните две деца синот Арчи и ќерката Лилбет. Меган носеше фустан во темно сина нијанса и голема шапка на главата.
Таа беше фотографирана додека разговараше со некои од кралските деца.
Сепак, Меган и Хари не се фотографираа на фотографијата од кралското семејство на годинешната парада.
Инаку за време на појавувањето на балконот на палатата во Виндзор, сите очи беа вперени во малиот Луи и неговата реакција за време на парадата на Кралската Авијација.
Погледнете уште фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело