„Детево е мал Мистер Бин“ - Урнебесно видео од момченце што заспива додека го потстрижуваат
- Детали
- четврток, 18 јануари 2024
„Како да работел 110 часа минатата недела“ – коментираат оние што имаа можност да го видат видеото од малиот Хари, кој заспива на фризерското столче. Мајка му вели дека морала да му ја држи главата исправена за фризерот да доврши.
Секое дете е различно, а доказ за ова е и ова видео. Додека некои родители мака мачат со децата кои бегаат од фризерското столче и ножичките, малиот Хари стана хит на Инстаграм затоа што ужива додека му ја кратат косата.
Џејд Коран е блогерка од Англија која на своите профили редовно споделува видеа од нејзиниот живот како мајка, но и од патувањата.
Таа неодамна го сподели своето искуство со синот Хари додека биле во берберски салон за да му ја скратат косата, а ако за многу дечиња, средбата со фризерското столче и со ножичките е кошмар, тоа не е случај и со малиот Хари.
Можеме да видиме како малото момче во еден миг заспива на столчето и за малку ќе падне.
„Буквално морав да му ја држам главата исправена за да го довршат и да го префрлам на каучот за да продолжи да спие“ – напиша мајката во описот на видеото.
Коментарите до него се смешни.
„Како да работел 110 часа изминатата недела“;
„Дали е само до мене или и на другите им се приспива кога одат на фризер? Знам како ти е дете“;
„Како да гледам мал Мистер Бин“.
Погледнете го видеото со Хари:
Б. С. Б. | Црнобело