„Ѝ се восхитувам - се бореше со ракот и молчеше додека сите ја напаѓаа“ – Шенон Доерти ја возвишува принцезата Кејт

„Да се биде јавна личност не значи дека си сопственост на јавноста. Сите ние имаме право приватно да се избориме со болеста“ – актерката Шенон Доерти која со години се бори со ракот застана во одбрана на принцезата од Велс. Што е познато за состојбата на Кејт и што се случува во најблискиот круг на семејството?

i-se-voshituvam-se-boreshe-so-rakot-i-molcheshe-dodeka-site-ja-napagjaa-shenon-doerti-ja-vozvishuva-princezata-kejt-01_copy.jpg

Принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт, преку својот портпарол за првпат јавно се огласија по соопштувањето на дијагнозата на Кејт во видеото што го обиколи светот.

„Принцот и принцезата се заблагодаруваат од љубезните пораки што ги добија од Обединетото Кралство, од другите земји на Комонвелтот, но и од целиот свет.

Тие се екстремно благодарни за топлината од јавноста и поддршката и благодарни се за разбирањето за потребата од приватност во овој период“ – стои во соопштението од Кенсингтонската палата во TIME.

i-se-voshituvam-se-boreshe-so-rakot-i-molcheshe-dodeka-site-ja-napagjaa-shenon-doerti-ja-vozvishuva-princezata-kejt-02.jpg

Кејт во своето обраќање соопшти дека со Вилијам долго време молчеле за нејзината дијагноза со цел да ги заштитат своите деца и да им ја објаснат ситуацијата пред веста да биде изнесена во јавноста.

По видео пораката на Кејт, во светските медиуми не стивнуваат пишувањата поврзани со нејзиното соопштение и со самата дијагноза.

i-se-voshituvam-se-boreshe-so-rakot-i-molcheshe-dodeka-site-ja-napagjaa-shenon-doerti-ja-vozvishuva-princezata-kejt-03.jpg

Така, познато е дека сопругот на Кејт, принцот Вилијам дознал за болеста на сопругата на 27-ми февруари, односно еден месец по нејзината операција на абдоменот, па заради тоа го откажал присуството на меморијалната служба посветена на неговиот кум, кралот Константин од Грција.

Еден ден пред да ја соопшти дијагнозата во јавноста, Кејт имала приватен ручек со нејзиниот свекор, кралот Чарлс и тие двајца зборувале за сличните здравствени проблеми низ кои минуваат истовремено, а според Times UK, Хари и Меган не биле вклучени во потесното семејство, па вестите ги дознале преку телевизија, како и сите останати.

i-se-voshituvam-se-boreshe-so-rakot-i-molcheshe-dodeka-site-ja-napagjaa-shenon-doerti-ja-vozvishuva-princezata-kejt-05.jpg

Видео пораката што Кејт ја сними во градината во замокот Виндзор, беше шлаканица за сите оние што со месеци наназад креираа теории на заговор и се потсмеваа на нејзина сметка, а според извори блиски до принцезата таа сама го напишала говорот и чекала кога ќе биде вистинскиот миг за да ги соопшти вестите во јавноста.

i-se-voshituvam-se-boreshe-so-rakot-i-molcheshe-dodeka-site-ja-napagjaa-shenon-doerti-ja-vozvishuva-princezata-kejt-04.jpg

Актерката Шенон Доерти, која со години се бори со ракот, упати јавна порака до сите оние што коваа теории на заговор во изминатите месеци и ѝ даде јавна поддршка на принцезата.

„Да се биде јавна личност не значи дека си сопственост на јавноста. Сите ние имаме право приватно да се избориме со болеста.

Напливот на теории на заговор, обидот за право на сопственост и морбидната љубопитност ја натераа оваа личност да се објаснува пред сама да се соочи и да им објасни на сопствените деца (што ѝ се случува).

i-se-voshituvam-se-boreshe-so-rakot-i-molcheshe-dodeka-site-ja-napagjaa-shenon-doerti-ja-vozvishuva-princezata-kejt-07.jpg

Се молам ова да ни биде поука на сите да ја почитуваме туѓата приватност, без разлика дали се работи за јавни личност. И до принцезата Кејт - Ти се восхитувам на силата што ја имаше да ги издржиш бескрајните напади додека се бореше со ракот“ – порача Шенон.

i-se-voshituvam-se-boreshe-so-rakot-i-molcheshe-dodeka-site-ja-napagjaa-shenon-doerti-ja-vozvishuva-princezata-kejt-20.jpg

Инаку, со оглед на тоа што Кејт не соопшти за каков тип на рак се работи, во дел од медиумите се пренесуваат изјави на лекари, онколози, кои нагаѓаат од што би можела да боледува принцезата.

Докторот Марк Сигел за Fox News вели дека можеби станува збор за рак на дебелото црево или за гинеколошки рак и според него најверојатно е состојба што може да се излекува.

Но, лекарот за крај нагласи:

„Мора да ја почитуваме нејзината приватност и да покажеме сочувство и емпатија, особено заради тоа што станува збор за млада личност која има мали деца“.

i-se-voshituvam-se-boreshe-so-rakot-i-molcheshe-dodeka-site-ja-napagjaa-shenon-doerti-ja-vozvishuva-princezata-kejt-06.jpg

За потсетување, Кејт Мидлтон, во петокот (22.02) преку видео порака соопшти дека ѝ бил дијагностициран рак и дека по препорака на лекарите морала да прима хемотерапија.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе биде храбра како мене“: Девојче (7) кое го победило ракот со емотивна порака до Кејт Мидлтон „Ќе се избори со болеста исто како и јас“, вели 7-годишно девојче од Англија кое...
Принцезата од Дубаи „го откачи“ сопругот преку Инстаграм, 1 година откако потрошија 50 милиони долар... Пред една година направија кралска свадба, а сега се чини дека се разведуваат. ...
Прво видео од Кејт Мидлтон откако исчезна - Јавноста верува дека е нејзина двојничка „Објавија и лажно видео од Кејт? Значи никогаш повеќе нема да ја видиме“, е еден...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Принцот Хари беше вљубен во Кејт, а тоа ѝ пречеше на Меган“ – нови тврдења на кралска авторка „Меган Маркл сигурно била многу завидлива и љубоморна на Кејт Мидлтон“ – тврди а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg