Хит видео: Улични музичари во Милано ја свират „Јутро је“ од Нада Топчагиќ – сите скокаат
- Детали
- среда, 27 октомври 2021
Златан Ибрахимовиќ успеа да ја прослави песната „Јутро је“ на Нада Топчагиќ во светски рамки. Во Милано туристите се веселат на оваа песна во изведба на улични музичари.
Песната „Јутро је“ стана препознатлива и во светски рамки благодарение на светски познатиот фудбалер со босанско потекло Златан Ибрахимовиќ.
Минатата година Златан објави видео во кое се гледа како се весели со песната на неговата сонародничка, а потоа неговото излегување на фестивалот Санремо беше проследено со истата песна.
https://www.youtube.com/watch?v=iKzqR_LePWU&t=1s
Минатиот месец, по повод прославата на неговиот 40-ти роденден, пријателите организираа Нада Топчагиќ (68) да му пее на забавата и му приредија вистинско изненадување.
Сега само еден месец подоцна, пејачката Марија Микиќ на нејзиниот Инстаграм профил сподели видео на кое се гледа како туристите во Милано на плоштадот пред Миланската катедрала се веселат на песната во изведба на улични музичари.
Погледнете ја атмосферата:
Б. С. Б. | Црнобело