Нада Топчагиќ му ја испеа „Јутро је“ на Ибрахимовиќ за 40-ти роденден – му се оддолжи за честа што тој ѝ ја направи на Санремо (видео)

Босанската пејачка Нада Топчагиќ (68) одлучи да му се оддолжи на светски познатиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ за тоа што ја претстави нејзината песна Jutro je пред светската јавност, па го изненади за неговиот 40-ти роденден.

nada-topchagikj-mu-ja-ispea-jutro-je-na-ibrahimovikj-za-40-ti-rodenden-mu-se-oddolzhi-za-chesta-shto-toj-i-ja-napravi-na-san-remo-video-01.jpg

Златан Ибрахимовиќ го славеше својот 40-ти роденден во Милано, па по тој одлучи да се почести со нов спортски автомобил, а пријателите му приредија уште едно изненадување на забавата.

Златан Ибрахимовиќ минатата пролет беше специјален гостин на фестивалот Санремо и неговото излегување на сцената беше проследено со песната на неговата сонародничка Нада Топчагиќ, Jutro je, откако тој претходно објавуваше снимки за време на карантинот како се забавува со оваа песна.

https://www.youtube.com/watch?v=iKzqR_LePWU

Нада била мошне воодушевена од настанот на италијанскиот фестивал, па одлучи да му се оддолжи за ваквиот гест и да го изненади на забавата по повод неговиот 40-ти роденден што се одржа во ресторан во Милано.

Oбјавени се видеа на кои се гледа како Ибрахимовиќ влегува, а на сцената Нада ја пее неговата омилена песна.

Нада дошла на забавата на повик на неговите пријатели, кои одлучиле да го изнаненадат така што на роденденот ќе ја поканат неговата омилена пејачка.

Пејачката на Инстаграм објави повеќе фотографии до кои напиша:

„Четириесеттиот роденден на Златан. Кралицата со ‘Jutro je’ на местото на настанот. Светот го доби тоа што го заслужи, а тоа сум јас. Ве сака Надица. Повеќе информации од утре“.

Секако, Нада не ја пропушти можноста да се фотографира со Златан, но и со познатиот француски фудбалер Пол Погба.

Во Инстаграм Стори таа објави уште неколку фотографии, меѓу кои и фотографија со сопругата на Златан, Хелена Сегер (51).

ibrahimovikj-za-rodendenot-se-pochesti-so-nov-avtomobil-a-na-zabavata-go-iznenadi-i-omilenata-pejachka-video-02.jpg

Инаку, претходно Златан на Инстаграм се пофали дека одлучил за својот 40-ти роденден да се почести со нов автомобил 488 Pista Spider Ferrari. Тој до фотографијата од новиот автомобил напиша: „Среќен роденден на Златан“

Прочитајте и Факти за Златан Ибрахимовиќ, дрскиот фудбалер кој го освои светот – удри соиграч, навреди новинарка

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Наташа Беквалац, Сека Алексиќ: Српските ѕвезди се собраа на забава во Белград со оскаровски гламур Сека Алексиќ изненади со впечатливи ултра кратки шишки и Лејди Гага чевли, а Бој...
Раскошна роденденска забава за првиот син на Вељко Ражнатовиќ – покрај базен, со тема Paw Patrol (фо... Малиот Жељко го прослави 4-иот роденден во двор покрај базен, со огромен број на...
Заводливо го гледа, го гали по косата – Јелена Ѓоковиќ му го честита роденденот на Ноле со видео на ... „Не бидејќи си наш, но навистина си најдобар“ – му порача Јелена Ѓоковиќ на сопр...
Природно убави - Пејачки од Србија кои немаат направено естетски корекции Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо, важи за една од најубавите млади пејачки...
Баба од Босна го растажи Балканот: „Имам синови и внуци, но никогаш не ме посетуваат“ „Синовите не ми доаѓаат често, за нив дознавам преку луѓето. Имам и три внуци. Н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg