Алек Болдвин веројатно нема да биде обвинет за убиството на колешката + што точно се случило на сетот?
- Детали
- сабота, 23 октомври 2021
Пиштолот со којшто Алек Болдвин ја застрела и уби својата колешка го добил од 24-годишната Хана – девојка одговорна за оружјето на сетот, а правните експерти сметаат дека актерот нема да се соочи со казна. Претходно, неколку работници си заминале од сетот стравувајќи за нивната безбедност.
За време на истрагата по инцидентот на филмскиот сет на Rust каде што Алек Болдвин ја застрела и уби колешката е утврдено кој бил одговорен за оружјето што се користело за време на снимањето. Имено, станува збор за 24-годишната Хана Гутиерез.
Според Daily Mail, Хана донела три пиштоли на филмскиот сет, а асистентот на режисерот зел еден од нив и му го дал на Алек Болдвин. Наводно, асистентот не знаел дека во пиштолот има вистинска муниција и им кажал на колегите дека е безбедно да се истрела на снимањето.
Откако Алек го истрелал пиштолот, прво ја погодил Хачинс, а потоа Џоел Соуза кој стоел зад неа.
Прочитајте повеќе: Трагична вест: Алек Болдвин во солзи и неверување откако случајно застрела двајца колеги, од кои едниот го загуби животот
По инцидентот Хана, девојката одговорна за оружјето, ги зела пиштолот и испуканиот куршум, заедно со целото оружје од сетот, и им ги дала на полицијата.
Само неколку часа пред настанот, неколку работници го напуштиле сетот откако се пожалиле на долги работни часови, но и уште еден инцидент со неправилно ракување на оружје за снимање, по што биле загрижен за нивната безбедност.
За Daily Mail, експерти за оружје кои работат во Холивуд велат дека несреќата сигурно ќе била избегната ако се направела добра проверка на пиштолот.
Во меѓувреме, правните експерти дискутираат за тоа дали Алек Болдвин ќе биде осуден за убиство. Дел од нив сметаат дека актерот најверојатно нема биде обвинет штом не бил свесен дека пиштолот е полн со вистински куршум.
Во Њу Мексико постои и закон според кои ваквите убиства, кои не се намерни, не се сметаат за криминал.
Не е познато како куршумот завршил во пиштолот, но ако се докаже дека Алек или Хана биле свесни за тоа, дури тогаш можно е да бидат обвинети.
А, сосема возможно е семејствата на почината Халина и ранетиот Џоел да покренат тужба против Алек или девојката одговорна за оружјето.
Прочитајте повеќе: „Срцето ми е скршено“ – Алек Болдвин првпат се огласи по трагичната смрт на колешката откако случајно ја застрела
Спирова С. | Црнобело