„Срцето ми е скршено“ – Алек Болдвин првпат се огласи по трагичната смрт на колешката откако случајно ја застрела
- Детали
- петок, 22 октомври 2021
По трагедијата на филмскиот сет на Rust, каде што Алек Болдвин случајно ја застрела и уби колешката Халина Хачинс, актерот се огласи на Твитер, изјавувајќи дека неговото срце е скршено и дека соработува со полицијата за да помогне да се разјасни што точно се случило.
За време на снимањето на неговиот нов филм Rust, Алек случајно застрелал двајца колеги со пиштол кој би требало да биде полн со лажни куршуми. За жал, едниот од колегите, кинематограферката Халина Хачинс, го изгуби животот.
Во медиумите беа споделени фотографии од сетот, но и од Алек кој е видно вознемирен, а сега актерот се огласи и на Твитер за ситуацијата:
„Нема зборови со кои можам да ги искажам шокот и тагата во врска со трагичниот инцидент кој ѝ го одзеде животот на Халина Хачинс, сопруга, мајка и многу ценета наша колешка. Во целост соработувам со полициската истрага за да откриеме како се случи оваа трагедија и во контакт сум со нејзиниот сопруг, давајќи ја мојата поддршка за него и неговото семејство.
Моето срце е скршено за нејзиниот сопруг, нивниот син и сите кои ја знаеја и сакаа Халина“.
1-
— AlecBaldwin(HABF) (@AlecBaldwin) October 22, 2021
There are no words to convey my shock and sadness regarding the tragic accident that took the life of Halyna Hutchins, a wife, mother and deeply admired colleague of ours. I'm fully cooperating with the police investigation to address how this tragedy occurred and
2- I am in touch with her husband, offering my support to him and his family. My heart is broken for her husband, their son, and all who knew and loved Halyna.
-->— AlecBaldwin(HABF) (@AlecBaldwin) October 22, 2021
Во коментарите, твитерџиите го споделуваат нивното сочувство и му даваат поддршка на актерот во овие тешки мигови:
„Жал ми е што се случи ова. Трагична несреќа. Благослов за Халина. Грижи се за себе Алек“.
„Знам дека ситуацијата е тешка и нема зборови што ќе ја подобрат, но знам дека беше несреќен случај“.
„Моето срце е скршено за нејзиното семејство и за тебе. Жал ми е што се случи ова. Ќе треба многу време за да закрепнеш од ова и животот никогаш нема да ти биде ист. Засега, ти ја праќам целата љубов“.
Во врска со настанот се огласи и семејството на Брендон Ли – синот на Брус Ли кој го загуби животот на сличен начин – преку официјалниот Твитер профил посветен на актерот:
„Нашите срца се со семејствата на Халина Хачинс и Џоел Соуза и сите вклучени во инцидентот на сетот на Rust. Никој не треба да биде убиен од пиштол на филмски сет“.
Our hearts go out to the family of Halyna Hutchins and to Joel Souza and all involved in the incident on “Rust”. No one should ever be killed by a gun on a film set. Period. 💔
— Brandon Bruce Lee (@brandonblee) October 22, 2021
Истрагата во врска со инцидентот сè уште трае и не е познато што точно бил проблемот со пиштолот со којшто ракувал Алек. Филмската екипа тврди дека пиштолот бил полн со лажни куршуми какви што се користат на скоро сите снимања, а портпарол на полицијата во Њу Мексико, каде што се случи трагедијата, изјави дека штом ќе имаат детали, ќе ги споделат со јавноста.
Прочитајте повеќе: Трагична вест: Алек Болдвин во солзи и неверување откако случајно застрела двајца колеги, од кои едниот го загуби животот
Спирова С. | Црнобело