„Потсетник до девојката што го мрази своето тело“ – Инфлуенсерка го покажува целулитот и испраќа моќен апел

25-годишната Ариела Ниса од Австралија е Инстаграм ѕвезда, а најпопуларна е поради нејзината искреност. За разлика од многуте инфлуенсерки, Ариела никогаш не ги крие деловите од своето тело кои повеќето би ги сметале за недостатоци. Наместо тоа, младата инфлуенсерка гордо ги покажува облините, заедно со стомачето и целулитот.

vie-ste-povekje-od-vasheto-telo-influenserka-gordo-go-pokazhuva-celulitot-i-gi-inspirira-devojkite-da-si-go-zasakaat-teloto-foto-01.jpg

Нејзината цел е да ги натера сите девојки да го засакаат своето тело, без разлика како изгледа и дали ги исполнува стандардите за убавина што ни се наметнати од општеството.

„Сите ние имаме несигурности. Ајде да ги надминеме заедно! Сите заслужуваме да се чувствуваме сакано и заслужуваме да се чувствуваме самоуверено и удобно во наша кожа. Вие сте неверојатни, вие сите сте убави!“, им порачува Ариела на своите следбеници.

vie-ste-povekje-od-vasheto-telo-influenserka-gordo-go-pokazhuva-celulitot-i-gi-inspirira-devojkite-da-si-go-zasakaat-teloto-foto-video-03.JPG

Со скоро секоја објава, Ариела пишува и мотивирачки пораки кои сигурно барем малку им помагаат на девојките да си ја вратат самодовербата.

Младата девојка без проблем споделува и видеа на кои покажува како изгледа женското тело во реалноста и нагласува дека сосема нормално е да ослабите, да се здебелите, да имате рамен стомак, да имате големо стомаче...

vie-ste-povekje-od-vasheto-telo-influenserka-gordo-go-pokazhuva-celulitot-i-gi-inspirira-devojkite-da-si-go-zasakaat-teloto-foto-video-04.JPG

Потсетник до девојката што го мрази своето тело

Знам дека луѓето го критикувале твоето тело и те натерале да се сомневаш во својата убавина. Знам дека додека си растела си гледала магазини во кои се исмејуваат сите со целулит, масни наслаги и стомаче.

Знам дека сакаш да се промениш и да исечеш делови од тебе за да ’се вклопиш‘“.

vie-ste-povekje-od-vasheto-telo-influenserka-gordo-go-pokazhuva-celulitot-i-gi-inspirira-devojkite-da-si-go-zasakaat-teloto-foto-video-02.JPG

„Но драга, не треба да менуваш ништо. Всушност, само општеството сака да го направиш тоа. Сака да ги потрошиш твоите пари на креми за целулит и диети. Сака да те натера да мислиш дека не си доволно.

Но, јас сум овде да ти кажам дека ти си повеќе од твоето тело. Повеќе од негативните коментари што ги читаш. Твоето тело треба да биде славено.

Кралици, ви паднала круната. Еве ви ја – без разлика која големина сте, треба да го третирате вашето тело како кралско, бидејќи такво и е“, пишува Ариела во неодамнешна објава.

vie-ste-povekje-od-vasheto-telo-influenserka-gordo-go-pokazhuva-celulitot-i-gi-inspirira-devojkite-da-si-go-zasakaat-teloto-foto-video-05.JPG

Прочитајте и „Наутро имам рамен, навечер подуен стомак“ - Инфлуенсерка покажува колку ни се менува телото во 24 часа (видео)

Повеќе фотки од Ариела:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg