„Наутро имам рамен, навечер подуен стомак“ - Инфлуенсерка покажува колку ни се менува телото во 24 часа (видео)
- Детали
- вторник, 13 јули 2021
Бри Ленехан е инфлуенсерка која промовира здрав начин на живот и се обидува да ги нормализира „недостатоците“ како подуеност, стрии и целулит. За да докаже дека подуениот стомак е најнормална појава, таа снимила видео во кое покажува колку се менува нејзиното тело во период од само 24 часа.
Веројатно и самите сте забележале дека без разлика на килограмите, изгледот на вашето тело се менува неколкупати во текот на денот. Односно, додека наутро имате рамен стомак, веќе до пладне голема е веројатноста да бидете подуени и да ви се познава стомачето.
Иако ова е сосема нормална појава, поради многуте совршени тела што ги гледаме онлајн, сите чувствуваме некаков притисок да изгледаме беспрекорно во текот на целиот ден.
Дури и оние кои немаат ни еден килограм вишок, се чувствуваат несигурно кога ќе забележат дека стомачето им изгледа малку поголемо од вообичаено.
Сакајќи да им докаже на сите дека подуеното стомаче е најнормална појава, 25-годишната Бри Ленехан направи одлично видео на ТикТок.
Бри е фитнес инфлуенсерка која промовира здрав начин на живот и иако е во топ форма, постојано вежба и се храни здраво, и таа има стомаче кога не го затега телото за Инстаграм фотка.
Во видеото кое досега е прегледано над 1,6 милиони пати, Бри покажува како изгледа нејзиниот стомак во текот на 24 часа. Првиот инсерт од видеото е снимен наутро, пред појадок, па стомакот на Бри изгледа рамен.
По појадокот се забележува дека стомакот на Бри е малку подуен, а разликата станува уште поочигледна по ручекот и 1 литар вода.
На крајот од видеото стомакот на Бри е далеку од рамен, а таа нагласува дека е сосема нормално е во текот на денот тежината на телото да се промени и до три килограми.
@breelenehan I filmed my body’s changes across 24 hours & this happened… ??♀️ ##bodyimage ##bloating ##thisisnormal ##loveyourself ##selflove ##bloatingisnormal ##fyp
♬ Nobody - Mitski
„Никој не зборува за тоа колку му се менува телото и колку му се зголемува стомакот во текот на денот, па мислев дека тоа е нешто ненормално и се срамев. На крај излезе дека ни се случува на скоро сите, само не зборуваме отворено за тоа и знаеме како да го ’скриеме‘. Па, само сакав да покажам дека тие промени се реални и нема потреба да се срамите од нив“, вели Бри за нејзиното видео.
„Сметам дека никој не зборува за промената на тежината во текот на денот бидејќи чувствуваме притисок да исполниме одредени стандарди за убавина, а подуениот стомак не спаѓа во тие стандарди“.
Бри има 387.000 следбеници на Инстаграм и покрај искреното видео, доста често прави и фото споредби со кои покажува дека целулитот и стомачето се најнормална појава, дури и кај девојките без вишок килограми.
Бри отворено ги покажува и нејзините стрии, како и опуштената кожа на стомакот за која многу девојки и жени чувствуваат несигурност.
Претходно Бри имала проблеми со вишокот килограми и успеала да ослаби 20-тина килограми со здрава храна и вежбање. Сега вели дека ѝ е многу поважно да биде здрава и среќна, отколку да има рамен стомак или совршено тело.
„Повеќе сакам да го покажам моето нормално тело, отколку да прикажувам совршенство. Како тинејџерка се споредував со други жени каде и да одев. И во живо и онлајн. Само сакав да имам рамен стомак и мускули, но и облини. Мислев дека подуеноста значи дебелеење, постојано барав начин да се ослободам од целулитот, мислев дека стриите се недостаток и дека кожата мора да ми биде мазна! Мислев дека ако сум слаба, ќе бидам и среќна.
Не беше така. Без разлика колку килограми имате, вие заслужувате да се чувствувате удобно и убаво во ваша кожа. Ослабев 20 килограми, но уште ми се дуе стомакот, кожата не ми е мазна, имам целулит, ми се познава стомакот кога седам и имам стрии на нозете. Морате да го прифатите вашето тело. СЕГА! Третирајте го со добрина. Не можете да го постигнете она што го сакате ако го мразите вашето тело“.