Инфлуенсер од Англија направи 18 пластични операции за да личи на пејач од корејскиот бенд BTS - се соочува со критики (фото)
- Детали
- четврток, 01 јули 2021
Оли Лондон е инфлуенсер од Англија и сака да личи на пејачот Парк Џимин од популарниот корејски бенд BTS – цел за којашто има направено дури 18 пластични операции. Но, јавноста го критикува овој потег.
Оли вели дека отсекогаш поседува чувство на несигурност за својот изглед, но и допадливост за корејскиот пејач Парк Џимин од познатиот бенд BTS. Па, инфлуенсерот решил да направи неколку пластични операции за целосно да си го смени ликот и да личи на него.
Парк Џимин - пејачот од корејскиот бенд BTS
Досега Оли има направено 18 операции, вклучувајќи фејслифтинг, подигнување на веѓите, операција со која ја има променето формата на очите, како и неколку дентални процедури.
Оли вели дека отсекогаш се восхитува од корејската култура, но и од изгледот на Парк Џимин. Сепак, инфлуенсерот наиде на многу критики кои велат дека овој подвиг е всушност културно присвојување, бидејќи Оли не е Кореец.
Инфлуенсерот, пак, нагласува дека не повредува никого со желбата да личи на популарниот пејач и ги замолува другите да ја почитуваат оваа одлука.
Наводно, само сака да си ја врати самодовербата, а не да шири негативност или да предизвикува контроверзии. Истовремено, вели дека има најголема почит кон корејската култура и дека желбата да личи на Џимин е погрешно сфатена.
„На крајот од денот, јас сум само човечко суштество кое ја живее својата вистина. Тажно е што во реалноста многу луѓе мораат да го кријат нивното вистинско јас“, вели Оли во изјава за Sky News.
Инфлуенсерот вели и дека наместо Оли Лондон, ќе почне да го користи и името на пејачот – Џимин.
Спирова С. | Црнобело