„Само почнав да се хранам поздраво“ – 21-годишна девојка ослабела 47 килограми без диети и броење калории

Кога сакаат да се ослободат од вишокот килограми, повеќето луѓе почнуваат диети или ги бројат калориите што ги внесуваат, но 21-годишната Кејтлин ослабела цели 47 килограми дури откако престанала да следи диети и се фокусирала само на тоа да внесува здрави намирници.

samo-pochnav-da-se-hranam-pozdravo-21-godishna-devojka-oslabela-47-kilogrami-bez-dieti-i-broenje-kalorii-01.jpg

Кејтлин Трик од САД има 21 година, а во детството имала повреда на коленото. Оттогаш нејзината тежина драстично се зголемила и никако не можела да се ослободи од вишокот калории.

Кејтлин пробала 16 различни апликации за броење калории, се обидувала да го ограничи внесот на јаглехидрати, но ова никогаш не ѝ помагало и секогаш им се враќала на старите лоши навики.

samo-pochnav-da-se-hranam-pozdravo-21-godishna-devojka-oslabela-47-kilogrami-bez-dieti-i-broenje-kalorii-04.jpg

Но во 2019-та година, наместо да се мачи со диети и рестрикции, решила да си го промени односот со храната, а токму ова ѝ помогнало да ослаби дури 47 килограми, за само две години.

„Се чувствувам како цел живот да имам прекумерна тежина. Кога помислувам на деновите од детството, сфаќам дека секогаш се чувствував поголема од другите деца и имав проблеми со самодовербата. Почнав да се поправам кога имав 10 години и кога си го повредив коленото. Тогаш речиси и да не се движев, ми беше досадно, а килограмите почнаа да се зголемуваат“.

samo-pochnav-da-se-hranam-pozdravo-21-godishna-devojka-oslabela-47-kilogrami-bez-dieti-i-broenje-kalorii-02.jpg

„Кога ми заздрави коленото, веќе имав развиено лоши навики и постојано мислев што ќе биде следното нешто што ќе го јадам. Колку подебела станував, толку поретко излегував со пријателите, за да можам да седам дома и да јадам. Заглавив во лош циклус“.

Кејтлин пробувала секакви методи за слабеење, но никогаш не можела да издржи до крај.

„Еднаш успеав да ослабам 12 килограми, но набрзо потоа повторно им се вратив на старите навики“.

samo-pochnav-da-se-hranam-pozdravo-21-godishna-devojka-oslabela-47-kilogrami-bez-dieti-i-broenje-kalorii-03.jpg

Пресвртот во нејзиниот живот се случил во 2019-та, кога почнала да оди на факултет.

„Бев излезена и паднав додека трчав да фатам такси. Си го изместив коленото, па морав да одам на лекар кој ми кажа дека ќе треба да ми прават операција. Ми рече дека морам да ослабам 30 килограми ако сакам да ми прават операција. Ова ме натера да сфатам дека морам да направам промена“.

Не знаејќи што друго да прави, Кејтлин ѝ се придружила на локална група луѓе со вишок килограми, кои наместо со диети и броење калории, слабеат со здрава исхрана.

„За две години ослабев 47 килограми и ова ми го промени животот. Како што ми се намалуваше тежината, ми растеше самодовербата. Сега можам да правам едноставни работи кои претходно ми се чинеа невозможни, како да си ги прекрстам нозете и да се качам по скалите без да се задишам“.

samo-pochnav-da-se-hranam-pozdravo-21-godishna-devojka-oslabela-47-kilogrami-bez-dieti-i-broenje-kalorii-05.jpg

Кејтлин открива дека пред да стане дел од групата, во една недела јадела по три големи пици, многу помфрит и колачиња.

„Сега само научив да готвам и со текот на времето одбирав поздрави намирници. Ми се допаѓа тоа што можам да јадам речиси сè, нема никакви ограничувања“.

Откако ослабела, Кејтлин станала и физички поактивна.

„Сакам да одам во теретана неколкупати неделно, возам велосипед и одам на јога часови – работи што не можев да ги правам порано. Можам да одам и на шопинг без да ми стане здодевно бидејќи ништо не ми е точно. Порано не ми беше јасно зошто некои луѓе толку сакаат да купуваат облека, но откако ослабев, и јас го сакам тоа!“

samo-pochnav-da-se-hranam-pozdravo-21-godishna-devojka-oslabela-47-kilogrami-bez-dieti-i-broenje-kalorii-06.jpg

„Слабеењето го промени секој дел од мојот живот. Дипломирам ова лето и сега откако ослабев, единствената цел во животот ми е да бидам среќна и да не трошам ниту една минута залудно. Сакам и да им помогнам и на другите кои биле во иста ситуација како мене. Станав дел од групата за да ослабам, но не очекував дека ќе бидам и послободна и дека ќе ми се промени перспективата за животот. За првпат сум возбудена за мојата иднина“, вели Кејтлин.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Имав 338kg, сопругот ме остави кога ослабев, но денес сум среќна мајка на 3 деца“ Од нозете ѝ биле извадени 40 килограми масти. Сопругот ја напуштил кога ослабела...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg