Кралицата не сака драми на погребот: Како Елизабета ќе го скрие ривалството помеѓу Хари и Вилијам?
- Детали
- петок, 16 април 2021
Кралицата Елизабета не сака ништо да го одвлекува вниманието за време на погребот на нејзиниот сопруг, па наредила Вилијам и Хари да не стојат еден до друг за време на настанот. Во меѓувреме, Меган Маркл ќе го следи погребот онлајн, а подоцна ќе има можност насамо да му оддаде почит на принцот.
Деновиве се чини дека целиот свет се подготвува за погребот на принцот Филип, а секојдневно слушаме понекој нов детаљ околу протоколите и начинот на кој ќе се одвива.
Откако се дозна дека никој од кралските сениори нема да носи воена униформа за принцот Хари да не се чувствува отфрлен, сега кралицата наредила тој и брат му Вилијам да не одат еден до друг за време на поворката.
Само неколку недели пред смртта на принцот Филип, Хари и Меган ја разбрануваа јавноста со интервјуто со Опра, а поради ова, принцот значително го залади односот со брат му.
Сепак Хари, кој сега живее во САД, веднаш се врати во Лондон штом дозна за смртта на дедо му, па јавноста се прашуваше како ќе изгледа нивното обединување после можеби цела година.
За да ги спаси од непријатности, кралицата одлучила Хари и Вилијам да не стојат еден до друг за време на поворката. Наводно, Елизабета обрнала внимание и на најситните детали, сакајќи погребот да се одвива без проблеми и без скандали. Односно, не сака ништо да го одвлече вниманието од она што ќе биде најважно на денот на погребот - оддавање чест на принцот Филип.
Поради тоа, одлучила Вилијам и Хари да не стојат еден до друг во поворката. И двајцата ќе одат зад ковчегот, но помеѓу нив ќе стои нивниот братучед Питер Филипс.
Кога, пак, ковчегот ќе биде однесен во капелата Св. Ѓорѓи во замокот Виндзор, членовите на кралското семејство ќе влегуваат во пар, а прв ќе влезе Вилијам, а потоа Хари.
Во март минатата година Вилијам и Хари ја имаа последната заедничка кралска должност, но тогаш не само што не прозбореа, туку не ни погледнаа еден во друг. За заладениот однос, Хари само изјави дека тие одат по различни патишта во нивните животи.
Според извори блиски до палатата, членовите на кралското семејство се обединети поради тагата за смртта на принцот Филип и моментално на сите им е најважно да се збогуваат со него како што треба.
Во меѓувреме, се дозна дека и Меган Маркл сака да му оддаде почит на принцот Филип. Моментално Меган е бремена и остана во САД, наводно бидејќи така ја советувале лекарите.
За британските медиуми, Бакингемската палата потврди дека за оние кои не можат да присуствуваат на погребот, а сакаат да се збогуваат со Филип, како Меган, ќе бидат организирани приватни настани. Покрај тоа, 39-годишната актерка ќе го следи погребот преку онлајн пренос.
Спирова С. | Црнобело