„Баба си е баба“ - како кралицата ќе го спаси Хари од непријатност на погребот на дедо му?
- Детали
- четврток, 15 април 2021
На погребот на принцот Филип ќе се случи нешто што не се случило досега... Кралицата се одлучи на исклучок како никогаш досега само за нејзиниот внук принцот Хари да не биде „тринаесетто прасе“.
Кралицата стави крај на дебатата околу тоа дали сите кралски сениори освен принцот Хари ќе носат воена униформа на погребот на принцот Филип и како ќе изгледа само тој да се издвојува. Како ќе се чувствува Хари, ќе му биде ли непријатно, беа прашања кои сами по себе се наметнуваа кај народот од Велика Британија, но и целиот свет.
Кралицата стави крај на гласините и донесе одлука дека никој нема да носи воена униформа на погребот, нешто што се нема случено досега. Ова е доказ дека „баба си е баба“ и дека бабата би сторила сѐ за своите внуци, во случајов Елизабета за принцот Хари.
Ова е одлука донесена во последен миг и одобрена од кралицата. Елизабета на погребот на нејзиниот сопруг сака да покаже дека британското кралско семејство и покрај скандалите е обединето.
Инаку, принцот Хари беше принуден да се откаже од почесните воени титули откако ненадејно се откажа од кралските должности и се пресели во САД со сопругата Меган Маркл и синот Арчи.
36-годишниот Хари на погребот на дедо си сакал да ја носи униформата што ја носел на неговиот свадбен ден во мај 2018 година, но тоа наводно не му било дозволено.
Од друга страна неговиот татко и брат ќе беа во воени униформи за кралскиот церемонијален погреб, а сега сите ќе бидат во ист кош и Хари нема да се издвојува.
Нема да се носат воени униформи за разлика од сите други церемонијални кралски погреби.
Во меѓувреме принцот Вилијам и Кејт Мидлтон објавија досега невидена фотка од Елизабета и принцот Филип со нивните 7 правнучиња:
С. С. | Црнобело