Девојка избегнува контакт со очи со атрактивни мажи од страв да не падне – има ретко нарушување
- Детали
- среда, 24 март 2021
Кристи од САД ако види некој кој ѝ се допаѓа многу, може да доживее ненадејна парализа и откажување на колената. Но, не влијаат така врз неа само атрактивните мажи...
Кристи Браун (32) од САД целиот живот избегнува контакт со очи со атрактивни мажи затоа што знае дека ќе се онесвести ако ѝ се допаднат.
Таа има ретко нарушување наречено катаплексија. Се работи за состојба која значи дека која било силна емоција може да направи Кристи да изгуби контрола врз своето тело.
Ако види некој кој ѝ се допаѓа многу, може да доживее ненадејна парализа и откажување на колената.
Но, не влијаат така врз неа само атрактивните мажи. Истиот ефект го имаат и гласните звуци, стравот, бесот и смеата.
Кристи е мајка на 2 деца која секогаш кога шета на јавни места го држи погледот „закован“ за земја за да избегне нејзиниот мозок да изреагира поради нешто и таа да падне и да се повреди.
„Се обидувам да не се ставам во ситуации каде такво нешто може да ми се случи и се обидувам да ги држам моите очи со погледот надолу за моја безбедност“, вели таа.
Во просек, Кристи има 5 напади на ден поради нарушувањето катаплексија, но на лош ден може да има и до 50, што значи дека не е во можност да го напушти домот.
Состојбата се јавува поради грешка во гените и најчесто ја поврзуваат со парализата во сон нарколепсија.
Кристи додава дека не спие многу и дека сонот не ѝ е длабок и цврст, па затоа често е уморна и поради тоа има напади почесто од обично.
„Тоа е како краток прекин од мозокот до мускулите поради кој губам контрола над моите нозе. Можам на пример да имам напад на врв од скали кои се стрмни едноставно затоа што не сакам висина.
Во последно време сум немала почувствувано силна привлечност кон некого за да доживеам напад, што од една страна е одлично, но од друга е тажно затоа што сакам да ме привлече некој“, вели Кристи.
С. С. | Црнобело