Во Азија се ублажуваат мерките за заштита – Како изгледа одењето во ресторани? (фото)
- Детали
- четврток, 30 април 2020
Јасно е дека пандемијата ќе промени многу нешта во нашиот живот. Патувањата, одењето на плажа, пиењето кафе и одењето во ресторан сигурно нема да бидат исти како досега.
Во делови од Азија постепено почнуваат да се ублажуваат мерките за заштита, па луѓето повторно почнаа да излегуваат по ресторани и кафетерии.
Поради ова, Дејвид Ченг, кој е готвач и сопственик на ресторан, ги замолил луѓето кои се наоѓаат во Тајпеј, Кореја, Кина и Хонгконг да споделат како изгледа сето тоа.
Иако правилата се разликуваат од локација до локација, јасно е дека дистанцирањето сè уште е приоритет.
Во некои ресторани има прегради на масите, на некои места гостите седат пооддалечени едни од други, а некаде на гостите им се даваат заштитни маски и средства за дезинфекција.
Во продолжение погледнете дел од фотографиите што ги споделиле твитерџиите од Азија: