Девојка тргна на пат кон Антарктикот, но заглави во „карантин со пингвини“

Наместо во својот дом, таа е во карантин на брод од каде има поглед кон јата пингвини и прекрасна природа.

devojka-trgna-na-pat-kon-antarktikot-no-zaglavi-vo-karantin-so-pingvini-01.jpg

Едвина Харт е девојка која обожава да патува, па како дестинација овојпат го одбрала Антарктикот.

Таа се качила на брод од Чиле, патувањето започнало, но потоа границите на Јужна Америка биле затворени поради светската пандемија на корона.

devojka-trgna-na-pat-kon-antarktikot-no-zaglavi-vo-karantin-so-pingvini-03.jpg

Моментално Едвина се наоѓа во близина на Фолкландските Острови, каде живее голема популација на пингвини. Таа живее на брод и на шега вели дека е во карантин со пингвини.

Инаку вели дека со бродот минале низ поларни реони во кои парчињата мраз изгледале како кристални скулптури кои излегуваат од водата.

devojka-trgna-na-pat-kon-antarktikot-no-zaglavi-vo-karantin-so-pingvini-02.jpg

devojka-trgna-na-pat-kon-antarktikot-no-zaglavi-vo-karantin-so-pingvini-06.jpg

Кога тргнала на оваа авантура кон Антарктикот имало само еден регистриран случај на корона во Јужна Америка и Едвина не очекувала дека ситуацијата ќе тргне во ваква насока и дека границите ќе бидат затворени.

Луѓе во специјална опрема им донеле залихи храна на бродот, а Едвина заедно со другите патници, наместо да очајува што се заробени, ужива секојдневно во утринска јога, забавни игри, цртање, џакузи на отворено, караоке, како и предавања за животот во поларните реони.

devojka-trgna-na-pat-kon-antarktikot-no-zaglavi-vo-karantin-so-pingvini-05.jpg

devojka-trgna-na-pat-kon-antarktikot-no-zaglavi-vo-karantin-so-pingvini-04.jpg

Бродот ќе плови околу Фолкландските Острови уште неколку дена додека не добие дозвола за прикотвување, а Едвина вели дека е среќна што карантинот го минува на место со прекрасен животински свет и гледа како живеат јата пингвини.

Уште фотографии од популацијата пингвини на Фолкландските Острови:

devojka-trgna-na-pat-kon-antarktikot-no-zaglavi-vo-karantin-so-pingvini-10.png

devojka-trgna-na-pat-kon-antarktikot-no-zaglavi-vo-karantin-so-pingvini-09.jpg

devojka-trgna-na-pat-kon-antarktikot-no-zaglavi-vo-karantin-so-pingvini-04.jpg

devojka-trgna-na-pat-kon-antarktikot-no-zaglavi-vo-karantin-so-pingvini-03.jpg

devojka-trgna-na-pat-kon-antarktikot-no-zaglavi-vo-karantin-so-pingvini-02.jpg

devojka-trgna-na-pat-kon-antarktikot-no-zaglavi-vo-karantin-so-pingvini-01.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...
Дечко ја убил бившата девојка 2 дена пред нејзиното дипломирање: Убиството што ги потресе Италија и ... Минатата недела, илјадници Италијанци протестираа барајќи поголема заштита за же...
„Дечко ми ме замоли да престанам да работам, бев девојка - домаќинка, па ме остави“ Девојка од Калифорнија на Инстаграм презентираше дека води идиличен живот на дом...
100-годишник се ожени со својата 102-годишна девојка - се запознале во старечки дом Парот се запознал на забава под маски, а првиот состанок го имале на денот кога ...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg