Србите даваа поддршка со аплауз за Загреб, Италијанците донираа пари - сепак сите сме едно

Милано е меѓу најпогодените градови со корона вирусот, но жителите оттаму сепак одвоија време за да донираат за Загреб по земјотресот. Светот сепак е убав, зарем не?

italijanci-doniraa-pari-srbi-davaa-aplauz-za-razrusheniot-zagreb-sepak-site-sme-edno-01.jpg

Од целиот свет пристигнува поддршка за Загреб. Од убави зборови до донации, секој прави што знае и умее за да им помогне на загрепчани по синоќешниот голем земјотрес и низата помали.

Зракот светлина во овие неубави ситуации е што токму во таквите мигови сфаќаме дека сите сме едно, дека сите сме беспомошни пред природата и дека сите треба да си помогнеме како знаеме и умееме.

srbite-davaa-poddrshka-so-aplauz-za-zagreb-italijancite-doniraa-pari-sepak-site-sme-edno-02.jpg

5 девојки од Хрватска, кои моментално живеат и работат во Амстердам, на платформата GoFundMe покренаа иницијатива за собирање парична помош за луѓето погодени од земјотресот во Хрватска. Досега имаат собрано повеќе од 36.000 евра, а интересно е што меѓу луѓето кои донирале има и од Милано, италијанскиот град кој е еден од најпогодените од корона вирусот во светот.

Без разлика на својата неволја Италијанците сакаат да им помогнат и на другите кои минуваат низ мрачни периоди, а ова е доказ дека светот сепак е убаво место за живеење, а луѓето се добри.

italijanci-doniraa-pari-srbi-davaa-aplauz-za-razrusheniot-zagreb-sepak-site-sme-edno-02.jpg

Босна и Херцеговина ѝ даде поддршка на Хрватска со светлечки знаци во Сараево.

❤️

Posted by Grad Sarajevo on Sunday, March 22, 2020

Србија изрази поддршка со тоа што вчерашниот аплауз од терасите го посвети токму за загрепчани.

Сите сме едно и заедно сме посилни, зарем не?

Прочитајте и Војници и навивачи им помагаа на родилките и бебињата по земјотресот во Загреб (видео)!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Се омажив во Дубаи за пари, сопругот ми дава месечен џепарлак од над 30.000 долари“ Малајка е една од бројните жени, односно богати домаќинки во Дубаи и сака да се ...
„Освоив 172 милиони евра на лото - Како добивката ми го уништи животот?“ Родителите престанале да разговараат со неа затоа што сметале дека не им дала до...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
Исповед на мајка: „Немам пари за екскурзиите на децата – се срамам кога роднините ми нудат помош“ „Ми беше тешко да му соопштам на синот дека нема да оди со другарчињата. Видов к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg