„Се омажив во Дубаи за пари, сопругот ми дава месечен џепарлак од над 30.000 долари“

Малајка е една од бројните жени, односно богати домаќинки во Дубаи и сака да се фали со раскошниот живот на Инстаграм. Но, честопати се соочува со критики и многумина сметаат дека „нема допир со реалноста“.

se-omazhiv-vo-dubai-za-pari-soprugot-mi-dava-mesechen-dzheparlak-od-nad-30-000-dolari-01.jpg

Малајка Раџа е Британка која живее во Дубаи и вели дека е горда што се омажила за пари.

Како многу богати домаќинки од Дубаи, и таа на Инстаграм се фали со луксузот и раскошот во којшто живее. А, овие видеа ја направија и навистина популарна – на Инстаграм има над 358.000 следбеници.

Малајка самата се нарекува „спонзоруша“ и вели дека е пресреќна со скапите подароци што ги добива од сопругот.

se-omazhiv-vo-dubai-za-pari-soprugot-mi-dava-mesechen-dzheparlak-od-nad-30-000-dolari02.jpg

Таа го запознала сопругот во 2017-та, а заедно имаат и еден син.

Но, и покрај популарноста, Малајка се соочува и со многу критики, а едно од нејзините понови видеа предизвика лавина негативни коментари.

Во видеото, Малајка открива колкав месечен џепарлак добивала како домаќинка во Дубаи.

За шопинг, сопругот ѝ давал 5.000 долари месечно. Но, добивала и екстра пари за луксузни парчиња облека и накит – 15.000 долари месечно.

Сопругот ѝ давал пари и за инвестирање во недвижнини, и тоа 200.000 долари месечно.

За масажи, Малајка се пофали дека добивала 1.000 долари, а за маникир и педикир – 500 долари месечно.

За третмани за кожа Британката трошела 8.000 долари, додека за шминка и козметика – 2.000 долари месечно.

На крај, таа открива дека за јадење по ресторани има неограничен буџет.

Во коментари, повеќето корисници имаат само критики за Малајка и на повеќето не им се допаѓа што непотребно се фали со раскошот.

„Немаш допир со реалноста“.

„Зошто воопшто си го направила ова видео?“

„Каков е твојот придонес во општеството? Или само консумираш?“

„За кого го рекламираш сето ова?“

Во друго видео, Малајка открива како изгледа нејзиното секојдневие како домаќинка во Дубаи.

„Ми плаќаат да бидам домаќинка и мајка“, стои во описот.

Во видеото, се гледа како Малајка оди во скапи продавници со син ѝ, пробува накит, и јаде во скап ресторан со сопругот.

И овој пат, на објавата доминираат критики:

„Сирото дете, нема интерактивно учење, нема активна игра, само шета низ трговскиот центар со неговите родители материјалисти“.

„Зошто сите жени од Дубаи ги прават истите видеа и го покажуваат истиот начин на живот и пробуваат да докажат дека купувањето злато им е секојдневие? Имаат некој комплекс на инфериорност?“

„Добиваш џепарлак? Дали имаш седум години?“

Повеќе фотки од Малајка на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg