Пример што треба да се следи - Женските хигиенски продукти ќе бидат бесплатни во Шкотска

Според истражувањата во Велика Британија, 15% од жените и девојките не можеле да си дозволат да купат хигиенски продукти. Процентот кај нас е сигурно поголем.

primer-shto-treba-da-se-sledi-zhenskite-higienski-produkti-kje-bidat-besplatni-vo-shkotska-01.JPG

Истовремено, истражувањето открило дека девојките на возраст од 14 до 21 година, всушност се срамат од нивната менструација.

Ова истражување само го потврдува фактот дека сиромаштијата и стигмата околу женскиот менструален циклус се сериозен проблем. Но, токму поради тоа, Шкотска донесе навистина добра одлука.

Имено, во целата држава, женските продукти за хигиена, како влошки и тампони, ќе бидат бесплатни.

primer-shto-treba-da-se-sledi-zhenskite-higienski-produkti-kje-bidat-besplatni-vo-shkotska-03.JPG

Законот за бесплатни хигиенски продукти за жени беше претставен од Моника Ленон, а ако стапи на сила, власта ќе се осигури дека сите жени и девојки ќе ги добијат потребните продукти.

Ова ќе ја направи Шкотска првата држава во светот што донела ваква одлука.

Во Шкотска, жените во просек трошат околу 8 фунти за влошки и тампони, сума што е превисока за оние со ниски плати.

„Ова не се луксузни продукти. Тие се неопходни и никој во Шкотска не треба да биде лишен од продукти за менструација“, изјави Моника Ленон.

primer-shto-treba-da-se-sledi-zhenskite-higienski-produkti-kje-bidat-besplatni-vo-shkotska-04.JPG

Ова не е првпат Шкотска да се погрижи за девојките и жените на овој начин. Пред две години, женските продукти за хигиена станаа бесплатно достапни во училиштата, колеџите и универзитетите. Власта одвоила 5,2 милиони фунти за оваа цел.

И други држави се обидуваат да ги направат овие продукти подостапни, така што ги ослободуваат од данок, или барем го намалуваат цените. Овде спаѓаат неколку држави во САД, но и Канада, Австралија, Уганда, Јамајка, Тринидад и Тобаго.

Што мислите, дали ова е нешто што треба да се примени и кај нас, барем за жените од посиромашни семејства? Дефинитивно одлична идеја!

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg