За оние кои се презафатени да си ја накитат елката – девојка наплаќа 15 евра од час
- Детали
- среда, 18 декември 2019
Вероника е девојката која успеала од креативноста да заработи пари – таа им ги украсува елките на сите оние кои се премногу зафатени за да ги понесе празничната магија.
Декември е месецот каде речиси во секој дом полека навлегува новогодишно-божиќната магија, но некои луѓе се премногу зафатени за да обрнат внимание на тоа.
Тука „влегува во игра“ Вероника Џентил, заедно со нејзината сестра Џована, кои наплаќаат по 15 долари од час за да им ги украсат домовите на Австралијанците кои немаат време за ова.
Двете девојки живеат во Мелбурн, а сè започнало откако еден пријател им побарал помош со декорациите, па Вероника сфатила дека може да направат бизнис од хобито.
„Им привлеков внимание на многу пријатели, на многумина им се допаднаа моите украси, а еден од нив дури ме праша дали може да му помогнам да си ја накити елката.“ – вели 30-годишната Вероника, која отсекогаш уживала во божиќната магија која нејзините родители ја внесувале во домот.
Таа открива дека најважно е да се има предвид позиционирањето на елката и украсите. Прво ги мести украсите, па се оддалечува за да ја доживее елката во целост.
За овој процес на украсување, Вероника вели дека им се потребни околу 2 часа, а моментално работи на Facebook страна каде ќе ги промовираат своите услуги и ќе ги покажуваат нивните дела.
Па, ако ве „бидува“ за украсување елки, можеби може и вие да си направите бизнис?
М. М. | Црнобело