Држави во кои луѓето живеат најопуштено
- Детали
- петок, 08 ноември 2019
Што претставува за вас опуштено живеење? Дали можеби тоа е живеење во луксуз, или, пак, на место каде што невработеноста не постои?
Дали опуштеното живеење значи да имате мир, или нешто сосема друго?
Според податоците од Обединетите Нации, среќата дефинитивно не се мери со пари. Всушност, среќата се мери со начинот на кој уживаме во она што веќе го имаме.
Во светот постојат неколку држави чии жители го сфатиле ова, па тие како да ја имаат формулата за среќен и опуштен живот.
Доколку и вие сакате да живеете поопуштено, можеби треба да научите нешто од овие држави:
Кукови Острови
Поради некоја причина, Куковите Острови никогаш не се нашле на листите со „најсреќните“ дестинации во светот.
На ова место времето е сончево цела година, а секој остров е опкружен со поглед како од разгледница.
Жителите на островите тврдат дека 24 часа во денот ја чувствуваат љубовта.
Италија
Италија често е нарекувана една од најсреќните држави, а оние кои ја посетиле, сигурно го почувствувале тоа.
Иако и овде постојат политички, географски и разни други поделби, Италијанците навистина знаат како да уживаат во животот.
И покрај сите проблеми со кои се соочуваат, тие знаат како да најдат рамнотежа, а среќата ја ставаат на прво место.
Италијанците уживаат во добрата храна и доброто вино и секој ден се обидуваат да најдат убавина во животот. Зарем ви треба нешто повеќе за да бидете среќни?
Нов Зеланд
Кога во животот имате малку грижи, нормално е дека ќе бидете опуштени.
Нов Зеланд има навистина стабилна економија, прогресивна политика и можеби најубавите пејзажи во светот. За некои луѓе, ова им е сосема доволно за да бидат среќни.
Жителите на Нов Зеланд имаат и одлична смисла за хумор – уште едно нешто што придонесува за нивната среќа.