Држави во кои луѓето живеат најопуштено
Бразил
Сигурно сте слушнале за лошите настани во Бразил за време на последните Олимписки игри во 2016-та година. Токму поради ова, многумина го поврзуваат Бразил со насилство.
Сепак, ова не е реален приказ на животот во Бразил, а тоа го докажуваат Бразилците и нивниот опуштен начин на живеење.
Бразилците се сметаат за едни од најтоплите и најљубезните луѓе во светот, кои знаат како да уживаат.
Аргентина
Благодарение на културната историја што ја донеле Шпанците и бројните италијански имигранти, Аргентинците навистина знаат да уживаат во животот.
Всушност, една анкета покажала дека од сите народи во светот, Аргентинците имаат најмногу забавни денови во месецот.
Овие луѓе се страсни за речиси сè, го ценат доброто друштво, сакаат добра храна и, се разбира, уживаат во фудбалот.
Турција
Ако не размислувате за одредените политички проблеми во Турција и ако се фокусирате само на животот на просечен Турчин, ќе сфатите дека и оваа држава припаѓа на листава.
Во Турција ќе најдете безброј кафетерии по улиците, древни бањи, чајџилници и многу други места, наменети исклучиво за уживање.
Лаос
Некои лоши околности ги натерале жителите на Лаос повеќе да го ценат животот. Овие луѓе секогаш се обидуваат да ја гледаат позитивната страна.
Истовремено, тие знаат да уживаат во „обичните“ нешта, како природата, скромниот, но вкусен оброк, семејните собири...