8 земји каде вишокот килограми се знак за убавина
- Детали
- четврток, 17 октомври 2019
Не постои земја во која жените не се обидуваат да изгледаат како модели, со совршени пропорции и тенок струк, но ретко кој знае дека во 8 земји во светот вишикот килограми се ценети, па дури и посакувани на женското тело.
Каде жените со вишок килограми важат за поубави од оние кои постојано држат диети?
8. Грција
Во Грција, женското стомаче се смета за знак дека жената е здрава.
7. Мексико
Во Мексико важи правилото дека само луѓето кои живеат и заработуваат добро можат да се хранат обилно, па пополнетата фигура е знак за добар живот.
6. Авганистан
Во Авганистан се верува дека жените со просечна или прекумерна тежина ќе родат поздрави деца, отколку послабите.
5. Самоа
И во Самоа се верува дека само луѓето кои немаат доволно за храна се слаби. Сите кои живеат добро имаат некој килограм вишок.
4. Јужна Африка
Во Јужна Африка сите се воодушевуваат на облините на жените, кои исто така се поврзуваат со добро здравје и здрав начин на живот.
3. Саудиска Арабија
Уште една земја во која заобленото тело се смета за убавина и висок социјален статус.
2. Обединети Арапски Емирати
Да бидеш малку заоблен, во ОАЕ е сосема нормално и за мажите и за жените. Се смета дека оние кои водат среќен живот немаат време да се заморуваат дали имаат мало стомаче или некој сантиметар плус во обем.
1. Бразил
Сите знаеме дека Бразилките се синоним за убави жени, кои во последно време повеќе се залагаат за здрав начин на живот, отколку за тенок струк и нозе кои ќе ги качат на модната писта.
М. Д. | Црнобело