Зошто норвешката принцеза се откажа од круната?
- Детали
- петок, 16 август 2019
Принцезата на Норвешка одлучила да се откаже од кралската титула, а причината изненади многумина.
Наводно, принцезата Марта има амбиции да стане влијателна Инстаграм личност, односно спиритуален инфлуенсер.
Пред некое време принцезата беше критикувана дека го искористила својот наследен статус во работни цели, кога заедно со момчето Дурек Верет биле домаќини на некоја прослава.
Иако тоа била нивна деловна прослава, таа го користела својот статус како би добила поголем успех.
Откако се извини на јавноста за својата непромисленост, сега објави дека се откажува од кралската титула. Својата круна нема да ја истакнува, ниту користи, освен на официјални приеми.
Принцезата сака да стане позната по своите духовни успеси, а дури има напишано книга на оваа тема.
Исто така, држи семинари каде со учесниците расправа на прашања поврзани за духовноста и развојот.
М. Д. | Црнобело