Работи кои може да ги видите само во Јапонија, дури и ако сте патувале низ цел свет

Јапонците имаат посебен начин на живот и нивната култура и секојдневие се целосно поразлични од нашите.

raboti-koi-mozhe-da-gi-vidite-samo-vo-japonija-duri-i-ako-ste-patuvale-niz-cel-svet-01.jpg

Оние кои ја посетиле оваа земја на подолг период, сфатиле во колку многу работи се разликуваат.

Дури и оние кои патувале низ цел свет, во Јапонија се сретнале со ситуации каде ги нема на ниту едно друго место во светот.

Во продолжение неколку работи кои не треба да ве изненадат ако одите во Јапонија:

Зајче наместо човече на семафори

Наместо црвено и зелено човече, на семафорите за пешаци во Јапонија го има зајчето Miffy.

raboti-koi-mozhe-da-gi-vidite-samo-vo-japonija-duri-i-ako-ste-patuvale-niz-cel-svet-02.jpg

Ниски маси и столчиња

Иако многумина се навикнати да седат на високи столчиња и маси кога одат во кафуле, Јапонците сакаат поинаков комфор.

Столчињата во кафулињата во Јапонија наликуваат на фотелји, односно се пониски и пошироки, па може поудобно да седнете на нив, а дури и да подлегнете.

raboti-koi-mozhe-da-gi-vidite-samo-vo-japonija-duri-i-ako-ste-patuvale-niz-cel-svet-03.jpg

Електрични масажери за ослободување од стрес

Можеби сте ги виделе направите со боцки кои служат за масирање на глава и ослободување на стрес и имаат многу едноставен дизајн. Во Јапонија, има покреативна варијанта на оваа мрзлива направа – електрични направи во боја со форма на окопод.

raboti-koi-mozhe-da-gi-vidite-samo-vo-japonija-duri-i-ako-ste-patuvale-niz-cel-svet-04.jpg

Различна перцепција за Pringles

Веројатно насекаде сте го виделе познатиот Pringles чипс во туба, но во Јапонија, всушност, Pringles е бренд за нудли кои се купуваат во слично пакување, а логото е истото препознатливо човече.

raboti-koi-mozhe-da-gi-vidite-samo-vo-japonija-duri-i-ako-ste-patuvale-niz-cel-svet-05.jpg

Наместо сами, ручаат со кадифени животни

Иако е сосема нормално во денешно време да седнете во кафуле или ресторан сами, сепак на некои места во Јапонија, наместо гостите да јадат сами, може да јадат или пијат кафе со големи кадифени животни за да не бидат осамени.

raboti-koi-mozhe-da-gi-vidite-samo-vo-japonija-duri-i-ako-ste-patuvale-niz-cel-svet-06.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg