Работи кои може да ги видите само во Јапонија, дури и ако сте патувале низ цел свет
Јадења во форма на Покемони
Ако насекаде низ светот сте сретнале грицки или колачиња во форма на животинчиња и други облици, во Јапонија може да се најдат различни јадења во форма на Пикачу и други Покемони.
Брза храна наместо домашна за празници
Иако за Нова Година, Божиќ и други слични празници, речиси секаде во светот се готви домашна, традиционална храна и се полни трпезата со секакви јадења, во Јапонија, луѓето не гледаат така на овие работи.
За овие празници, тие сакаат да јадат пилешко од KFC и ги заменуваат домашните јадења со купечка брза храна.
Совршен рецепт за суши
Ако јадете често суши, можеби сте забележале дека оризот често се одвојува од парчето риба откако ќе го земете со стапчиња.
Овој проблем не постои во Јапонија, бидејќи тие имаат посебен рецепт, во кој оризот се меша со сос кој содржи шеќер, сол и специјален оцет.
Автомати за купување долна облека
Ако ние сме научени да купуваме кафе, чоколатца и грицки од автомати, Јапонците купуваат од овие машини и долна облека и костими за капење.
Механизмот овозможува да ја одберете посакуваната големина и „нарачката“ ја добивате веднаш, единствената маана е што не може да го пробате производот.
M. M. | Црнобело