Скандалозна тужба за скиентолошката црква - што е со следбениците како Том Круз и Џон Траволта?
- Детали
- петок, 28 јуни 2019
Дали ова е крајот за сектата која „цица“ пари и манипулира со умовите на луѓето, плус е дел од киднапирања и злоупотреби?
Скиентолошката црква доби сериозна тужба од поранешна припадничка на оваа црква. Анонимната жена на 18-ти јуни поднела тужба во која наведува низа сериозни обвинувања кон оваа организација како што се злоупотреба, киднапирање и трговија со луѓе.
Засега, нејасно останува дали оваа тужба ќе влијае на познатите личности како Том Круз и Џон Траволта , кои се следбеници на оваа црква.
До скиентолошката црква и нејзиниот водич има и обвинувања за следење, нарушување на приватностa, предизвикување на емоционална болка, клевета итн.
Во тужбата се вели дека Скиентолошката црква презентира фасада за надворешниот свет, а всушност е култ изграден за да ги контролира и манипулира умовите на луѓето.
Инаку, црквата минува низ кризни мигови и членството е сè помало, а оваа тужба се смета дека е почетокот на крајот.
Некои ѕвезди како Том Круз постојано работат на промовирање на организацијата, вложуваат огромни пари во неа и ги истакнуваат нејзините позитивни страни. Тие молчат и не даваат изјави по повод оваа тужба.
Сепак, имаше многу гласини околу проблемите на неговата поранешна сопруга Кејти Холмс со оваа црква, поточно секта.
Останува да видиме дали оваа тужба конечно ќе го открие вистинското лице на контроверзната скиентолошка црква.
Прочитајте и Наоружани чувари, детски работни кампови: 10 застрашувачки факти за скиентолошката црква!
С. С. | Црнобело