„Слушај го мажот“ - Маж сподели контроверзна листа „12 правила за убава жена“
- Детали
- среда, 27 февруари 2019
„Убавата жена треба да биде слаба, да знае да готви и да носи розово“, вели Александар Кортес во својата бизарна листа.
Александар Ј. А. Кортес е маж кој себеси се нарекува личен тренер, танчар и мотивациски говорник. На Твитер тој сподели листа со 12 правила кои треба да ги почитувате ако сакате да бидете убава жена.
Некои од нив, како тие да се биде слаба, да се носи розово и да се слуша мажот дефинитивно ги разбеснеа жените од целиот свет.
Но, ова не е првпат Кортес потценувачки да гледа на жените и да стане мета на критики.
Неговата контроверзна листа како жената да биде убава:
- Да биде слаба.
- Да знае да готви.
- Да има долга коса.
- Да носи шминка.
- Да биде женствена.
- Да биде грациозна.
- Да биде сензуална.
- Да се бричи (без некој да ѝ каже).
- Да биде модерна.
- Да носи розово и други женствени бои.
- Да ги сака мажите.
- Да ги слуша мажите.
Прочитајте и „Мора да ме сака“ - Девојка ја сподели смешната листа од дедо ѝ „Правила за момче“!
https://twitter.com/AJA_Cortes/status/1098710614057222146?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1098710614057222146&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.yahoo.com%2Flifestyle%2Fman-faces-backlash-sharing-12-step-guide-women-wear-pink-listen-men-101633010.html
С. С. | Црнобело