„Мора да ме сака“ - Девојка ја сподели смешната листа од дедо ѝ „Правила за момче“
„Тој мора да работи, мора да ми се допаѓа и да навива за тој и тој клуб“, еден дедо порача какво момче треба да фати внука му.
Многу од нас имаат заштитнички поставени родители, но и баби и дедовци, но 21-годишната Ејми Мекхју од Шкотска на Твитер ја сподели листата од правила за момче, која ѝ ја напишал дедо ѝ Вилијам.
Некое правила се слатки, додека други смешни, но еве како гласат:
- Тој мора да биде од „таа и таа“ религија.
- Тој мора да биде навивач на Селтик.
- Тој мора да работи.
- Мора да ми се допаѓа.
- Мора јас да му се допаѓам нему.
- Тој мора да биде финансиски обезбеден.
- Не смее никогаш да гледа во друга девојка додека е во врска со тебе.
- Тој мора да биде многу фин.
- Тој мора да има автомобил.
- Кога и да е во мое друштво мора да се понуди да ја плати сметката.
Дедото Вилијам за среќа сопрел на 10 правила.
Ејми вели дека е многу блиска со него и речиси секој ден се гледаат. Но, таа не се согласува со неговата целосна листа и вели дека има многу пореалистичен пристап кон критериумите за избор на момче.
https://twitter.com/a1mchugh97/status/1096890054633574401?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1096890054633574401&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.ladbible.com%2Fnews%2Fuk-woman-shares-granddads-list-of-hilarious-boyfriend-rules-20190220
С. С. | Црнобело