Приказната на Роман Абрамович и на уште 3 милијардери што израснале во беда
- Детали
- петок, 02 ноември 2018
Роман Абрамович на 1 година ја изгубил мајка си, а 3 години подоцна починал и неговиот татко. Опра Винфри растела со баба ѝ и забременила на 13 години.
Во животот сè е возможно, а приказните за овие луѓе родени во сиромаштија, кои денес се милијардери, се навистина инспиративни.
Кои милијардери израснале во беда?
Опра Винфри
Мајка ѝ била куќна помошничка, а татко ѝ фризер, но тие едвај ја гледале. Опра првите 6 години од животот ги минала со баба ѝ на село. Со неа учела многу работи, но и за најмала грешка добивала строга казна.
На 13 години Опра забременила, од очај пиела средства за чистење и, колку и да звучи ужасно, ѝ олеснило кога бебето умрело по раѓањето. Потоа избегала од дома и отишла кај татко ѝ, кој ѝ обезбедил нега и колеџ.
За првпат Опра се појави на ТВ во 1983 година, а само две години подоцна продуцентите го препознаа нејзиниот талент и стартуваше нејзиното шоу, кое постои речиси три децении, а Опра има огромно богатство.
Роман Абрамович
Кога имал една година ја изгубил мајка си, а 3 години подоцна починал и неговиот татко.
До 10 години живеел со семејството на неговиот чичко, па по неговата смрт се преселил кај другиот чичко во Москва, каде дипломирал.
Почнал со производство на пластични играчки, а потоа со работата со нафта испиша историја.
Џ. К. Роулинг
Иако таткото на Роулинг работел како инженер во Rolls-Royce, семејството не пливало во богатство. Живееле во село и мајка ѝ се разболела, а таа и сестра ѝ немале добар однос со татко им.
Во 1992 година Роулинг се омажила за еден португалски новинар, кој ѝ побарал развод по раѓањето на нивната ќерка. Од Португалија Роулинг се преселила во Шкотска, каде живеела со семејството на нејзината помлада сестра и продолжила да пишува приказни за момчето волшебник.
Многу издавачи ја одбиле нејзината приказна за Хари Потер, но на крајот таа ја виде светлината на денот, постигна невиден успех, Роулинг се премажи и книгите и филмовите за Хари Потер имаат милиони фанови низ целиот свет.
Ралф Лорен
Роден е во еврејско семејство на имигранти и живеел во мал стан во сиромашниот дел на Њујорк. Татко му бил молер.
И покрај суровата реалност, Ралф сонувал за богатство и убав живо. Главна страст му била луксузната облека и по служењето војска започнал да работи во една модна куќа.
Потоа се префрлил во друга, па си отворил мала работнилница за која нарачките растеле од ден на ден. Изгради модна империја и денес е на листата на 200 најбогати луѓе на светот.
Прочитајте и Поседува дел од месечината: 12 докази дека парите не се проблем за Роман Абрамович!
С. С. | Црнобело