Поседува дел од Месечината: 12 докази дека парите не се проблем за Роман Абрамович
Тој е еден од најбогатите Руси и дефинитивно знае како да живее со стил. Од јахти до кралски имоти, зошто е добро да се биде Роман Аврамович?
Неверојатно богатиот руско - израелски милијардер, инвеститор и политичар Роман Абрамович е познат по тоа дека ако сака нешто, тргнува по тоа и го добива.
Откако светот дозна што сè поседува, сите се фасцинирани од неговиот имот. Има тон докази дека парите не се проблем за Роман Абрамович.
Какви луксузи поседува тој?
Дел од месечината
Во 2008 година тој купи 404.686 метри квадратни земја на Месечината за својата трета сопруга Даша Жукова, со која се разведе во 2017 година.
Колекција модерна уметност
Најекстравагантните дела од неговата огромна колекција ги чува на страна од љубопитните погледи. Некои од неговите дела, како што се оние од Francis Bacon и Lucian Freud, чинат и по десетици милиони долари.
Имотот Wildcat Ridge
Се наоѓа на врв од планина, има еден од најубавите погледи на светот и Абрамович го купи за 38 милиони долари во 2008.
Авион Boeing 767
Наместо со мал приватен авион, тој патува со приватен авион, кој може да собере и до 375 луѓе.
Мега имот на Upper East Side во Њујорк
Спои 3 имоти во еден огромен и ужива во најлуксузниот дел од Њујорк.
Плажа
На карипскиот остров St. Barts има еден од најголемите имоти со приватна плажа.