Када од 70.000 долари, приватен мост среде шума: 13 факти за домовите на Опра Винфри

Пред да оди на скијање во Колорадо ја проверува камерата што ја има поставено на најблискиот аеродром таму за да види какви се временските услови и дали да полета со својот приватен авион.

kada-od-70000-dolari-privaten-most-srede-shuma-13-fakti-za-domovite-na-opra-vinfri-01.jpg

Повеќе од 25 години Опра Винфри е успешна медиумска личноста и филантроп. Нејзиното шоу The Oprah Winfrey Show постигна неверојатна светска слава, па не е чудно што на нејзината сметка има повеќе од 3 милијарди долари.

Нејзиниот главен дом се наоѓа во Монтесито, Калифорнија, но голем дел од времето таа минува и на своите имоти на островот Мауи, Хаваи. Кога е расположена за снег пак заминува во Колорадо во нејзината модернистичка куќа во стилот на „куќичка на дрво“ во планините.

Едно е сигурно, домовите на Опра ќе ве воодушеват:

На пристапната патека во дворот во куќата во Колорадо има сензори и грејачи и на овој начин се справува со снегот и нема проблеми со лизгање на автомобилот.

kada-od-70000-dolari-privaten-most-srede-shuma-13-fakti-za-domovite-na-opra-vinfri-06.jpg

Во нејзиниот главен дом во Калифорнија има 14 тоалети, плус библиотека, театар, градина со преку 600 грмушки со рози.

kada-od-70000-dolari-privaten-most-srede-shuma-13-fakti-za-domovite-na-opra-vinfri-12.jpg

Во 2013 го реновираше својот дом во Калифорнија комплетно само за да изгледа потопло и да испраќа порака за љубов, а не гостите да мора да внимаваат да не остават отпечатоци на некоја модерна површина.

kada-od-70000-dolari-privaten-most-srede-shuma-13-fakti-za-domovite-na-opra-vinfri-13.jpg

Куќата во Колорадо за зимски одмор ѝ е комплетно автоматска со камери поставени насекаде, па дури и на  најблискиот аеродром за зафатената Опра да може да види дали временските услови се поволни за лет со нејзиниот приватен авион.

kada-od-70000-dolari-privaten-most-srede-shuma-13-fakti-za-domovite-na-opra-vinfri-05.jpg

Во Калифорнија има и фарма за коњи со нејзиниот дом.

kada-od-70000-dolari-privaten-most-srede-shuma-13-fakti-za-domovite-na-opra-vinfri-14.jpg

На Мауи, Хаваи Опра купи имот во 2003 година каде се релаксира со работа во градината, а потоа и со одење на плажа и оттогаш постојано купува нови имоти таму.

kada-od-70000-dolari-privaten-most-srede-shuma-13-fakti-za-domovite-na-opra-vinfri-03.jpg

Има специјален систем за наводнување на растенијата во куќата во Колорадо.

kada-od-70000-dolari-privaten-most-srede-shuma-13-fakti-za-domovite-na-opra-vinfri-07.jpg

Уште 6 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
На гости кај семејството Папакоч во Љубаништа: Куќа од 100m2 со базен, мебел од бамбус и многу розов... „Во минатото, ова ни беше летна резиденција, а сега е постојан дом на моите роди...
Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...
Џенифер Гарнер го покажа домот каде што Бен Афлек „се криеше“ пред разводот со Лопез - оаза од 8 мил... Гарнер ја изгради куќата во Лос Анџелес по разводот со Афлек пред 6 години - ток...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg