Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 часа трагале по 3-годишно дете, го уапсиле и таткото, а тоа си спиело во гардероберот – Неверојатна приказна од Германија

Германските медиуми ја пренесуваат приказната за потрагата по 3-годишно дете, која за среќа имала среќен епилог, откако детето било најдено во сопствениот дом. Но, оваа сторија е еден вид предупредување за сите родители што помислуваат и на миг да ги остават своите мали деца сами.

4-chasa-tragale-po-3-godishno-dete-go-uapsile-i-tatkoto-a-toa-si-spielo-vo-garderoberot-neverojatna-prikazna-od-germanija-01.jpg

Родителите на мало 3-годишно дете од гратчето Гелсенкирхен, долго ќе го паметат изминатиот викенд (03.08) кога 4 часа трагале по сопственото дете, а во потрагата биле вклучени и полицијата, пожарната служба, но и сите соседи.

Во саботата (03.08) околу 7 часот навечер, родителите забележале дека нивниот син Тимур, го снемало од куќата каде што живееле.

Веднаш биле повикани властите и првично сите почнале да трагаат по детето во станот, но не можеле да го најдат.

„Викавме на цел глас, но Тимур не нѐ слушаше“ – раскажува таткото на детето.

4-chasa-tragale-po-3-godishno-dete-go-uapsile-i-tatkoto-a-toa-si-spielo-vo-garderoberot-neverojatna-prikazna-od-germanija-04.jpg

Набрзо потоа потрагата продолжила надвор. Полицијата, противпожарната служба и германскиот Црвен крст заедно оделе од врата на врата и ги распрашувале соседите дали забележале нешто необично.

„Во ваква ситуација ја следиме секоја трага. Мало дете кое е само по 8 часот навечер, треба да привлече внимание ако е без придружба“ – изјавиле од полицијата.

Подоцна, во потрагата се вклучиле и волонтери и соседите, а полицијата вклучила и кучиња трагачи, кои ја намирисале трагата на детето надвор.

По ова, бил повикан и одделот за убиства, а таткото за германски Bild раскажува дека во тој момент полицијата му соопштила дека е осомничен за исчезнувањето на детето.

„Полицајците ме извадија надвор, ми го одзедоа телефонот и ми рекоа: ‘Господине А. Вие сте осомничен’“ – раскажува тој.

4-chasa-tragale-po-3-godishno-dete-go-uapsile-i-tatkoto-a-toa-si-spielo-vo-garderoberot-neverojatna-prikazna-od-germanija-05.jpg

Но, сепак приказната добила среќен епилог. По 4 часа потрага, конечно со помош на термална камера детето било најдено во станот.

„Со камерата утврдивме дека има топлина во гардероберот“ – велат претставници на германската полиција.

Како што појаснуваат, претходно тие само го отвориле гардероберот, но не виделе никого таму.

Откако камерата покажала знаци на живот внатре, полицијата почнала да ги трга купиштата облека внатре и го нашла малото момче како си спие мирно.

Малиот Тимур успеал да ги исплаши сите, а според полицијата, најверојатно само се скрил да спие во гардероберот, каде што му мирисало на мама и тато.

4-chasa-tragale-po-3-godishno-dete-go-uapsile-i-tatkoto-a-toa-si-spielo-vo-garderoberot-neverojatna-prikazna-od-germanija-03.jpgМалиот Тимур пред гардероберот каде што заспал - фото: Bild.de

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко херој! По 26 дена пекол, сам ја спаси киднапираната ќерка тинејџерка „Ја најдов пред да пристигне полицијата. Кога ја зедов во рацете, заврши пеколот...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Дечко од Канада бил несреќен на работа, си дал отказ и почнал да патува низ светот - денес е милионе... Кристијан Лебланк од Канада вели дека одлучил да ја напушти канцелариската работ...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg