Татко на 46 деца без да спие со ниту една од мајките
- Детали
- понеделник, 01 декември 2008
Холанѓанецот Ед Хубен, по професија туристички водич, е татко на 46 деца низ цела Европа, без притоа да спие со ниту една од мајките на тие деца.
Тој е најактивниот донатор на сперма во Европа со што им помогнал на голем број на брачни парови, лезбejски парови, па дури и сами жени да добијат дете.
Ед вели: “Јас го правам ова затоашто знам колку им е тешко на луѓето кои очајно сакаат да имаат деца. Истотака, одењето во специјалните клиники бара многу време, но и парични средства.”
Во минатото, Ед патувал по многубројни хотели низ Европа за да ја изврши својата должност како донатор на сперма.
Покрај ова, тој ги давал своите услуги и преку разните клиники за оваа намена, но откако стигнал до бројката 25 се откажал.
Сега, луѓето го наоѓаат преку интернет и препораки од задоволните “клиенти”.