Британец магистрира на Универзитетот Кингстон на 95 години – Размислува да запише докторат
- Детали
- вторник, 06 февруари 2024
Британецот Дејвид Марџот, кој стана Магистер по модерна европска филозофија, сега сака да запише и докторат, кој би го завршил на 102 години. Тој ги завршил магистерските студии на 95-годишна возраст, со тоа станувајќи најстариот студент што магистрирал на Универзитетот Кингстон.
Пензионираниот психијатар Дејвид Марџот од Вејбриџ, дипломира на Универзитетот Кингстон и се стекна со звање Магистер по модерна европска филозофија. Со ова, на 95 години, тој стана најстариот студент што магистрирал на овој универзитет.
Студиите Марџот ги завршил 72 години и се стекнал со докторска диплома, по што почнал да работи како психијатар.
Тој сега сака да запише и докторат, кој би го завршил на 102 години.
Откако му беше врачена дипломата, Марџот за британските медиуми изјави дека работел напорно да го заврши факултетот, бидејќи неговото помнење не било толку добро како во минатото.
„Ако решите да се запишете на студии по долги години пауза, треба да знаете дека тоа е коцка. Но, главно е дека ако сте заинтересирани, тогаш треба да го следите сонот.
Јас имав среќа да работам со професори од светска класа и тоа беше многу позитивно искуство. Мислам дека е важно секогаш да се предизвикувате себеси, дури и кога стареете“, рече тој.
Марџот кажал и дека студиите му помогнале многу по смртта на сопругата, со која бил во брак 65 години. Тој нашол нов предизвик да го води напред.
Професорката Стела Стенфорд, која била супервизор на магистерскиот труд на Марџот, го поддржува во неговата идеја.
„Кога Дејвид дојде во Кингстон, тој зад себе веќе имаше богата кариера, а дел од своето знаење и искуство им го пренесе на младите студенти на предавањата,“ изјавила таа.
А. Ј. | Црнобело