„Глупава плавуша“: Критиките со кои се соочи блогерката која ја гризна ајкула за добра фотка

Последниве два дена насекаде кружи веста за Инстаграм блогерката која ја гризна ајкула додека се обидуваше да направи добра фотка на Бахамите.

glupava-plavusha-kritikite-so-koi-se-soochi-blogerkata-koja-ja-grizna-ajkula-za-dobra-fotka-01.jpg

19-годишната Катарина била на одмор со момчето, а локалците ја охрабриле да плива со ајкулите бидејќи не може ништо да ѝ направат, иако имало натпис на кој пишува дека ајкулите може да гризаат, но наводно таа не го прочитала.

glupava-plavusha-kritikite-so-koi-se-soochi-blogerkata-koja-ja-grizna-ajkula-za-dobra-fotka-02.jpg

Таа ги послушала, и додека лебдела во водата, една од ајкулите ѝ ја гризнала раката и ја одвлекла во водата, но за среќа таа успеала да се извлече и нема сериозни последици.

glupava-plavusha-kritikite-so-koi-se-soochi-blogerkata-koja-ja-grizna-ajkula-za-dobra-fotka-002.jpg

Девојката веднаш отишла во болница со цел да спречи ширење на инфекции, а за моментот кога била гризната вели дека се чувствувала како 15 луѓе да ја гризаат истовремено.

glupava-plavusha-kritikite-so-koi-se-soochi-blogerkata-koja-ja-grizna-ajkula-za-dobra-fotka-003.jpg

Сега, Катарина признава дека се соочува со преголем притисок на социјалните медиуми, со оглед на тоа што бројот на следбеници на Инстаграм пораснал од 13.000 на 46.000.

Таа добила голем број критики од луѓето кои ја нарекуваат „глупава плава Инстаграм блогерка“ и ја осудуваат дека само се обидува да стане позната.

glupava-plavusha-kritikite-so-koi-se-soochi-blogerkata-koja-ja-grizna-ajkula-za-dobra-fotka-06.jpg

„Многу луѓе ми напишаа реферати за тоа колку сум глупава и посочуваа дека сум немала мозок. Некои коментари, посебно од мажите беа посебно деградирачки за жена. Ме нарекуваа глупава плавуша, која има среќа.“

Нејзиното момче ѝ помага да ги избрише сите навредливи коментари и пораки, велејќи дека луѓето кажуваат многу лоши работи и ја деградираат.

glupava-plavusha-kritikite-so-koi-se-soochi-blogerkata-koja-ja-grizna-ajkula-za-dobra-fotka-07.jpg

Но, и покрај тоа, девојката вели дека ќе направи сè за да остане позитивна, бидејќи не вреди да си го губи времето за тие луѓе.

Таа е благодарна што повредата не е посериозна и е благодарна на поддршката од момчето, пријателите и семејството.

glupava-plavusha-kritikite-so-koi-se-soochi-blogerkata-koja-ja-grizna-ajkula-za-dobra-fotka-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

19-годишна девојка за нападот од ајкула: „Ме зграпчи во плиткото, ја претепав со слободната рака“ „Еден голем дел од мојата рака го немаше. Мислев дека ќе ги загубам прстите и ра...
На 13 години ајкула ѝ ја одгризала раката, денес е една од најпознатите сурферки – Инспиративната пр... Бетани Хамилтон научила да сурфа на само 3-годишна возраст и веќе од 8-иот роден...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
„За малку можел да се спаси“ – Што знаеме за трагичната смрт на британскиот доктор во Грција? Британскиот доктор и водител Мајкл Мозли беше пронајден мртов на малиот грчки ос...
Американка критикувана од јавноста: Крева тегови од 155kg во 8-иот месец од бременоста Лили Стивенсон е мајка на две деца која во втората бременост редовно вежбал во т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg