Детето кое го носеше расистичкиот дуксер на H&M доби понуда од милион долари

Освен ако не бевте целосно исклучени од светот изминатава недела, сигурно го видовте детенцето со темна боја на кожа, како носи зелен дуксер со слоган „најкул мајмун во џунглата.“

deteto-koe-go-noseshe-rasistickiot-dukser-na-h-m-dobi-ponuda-od-milion-dolari-001.jpg

Рекламата на H&M беше оценета како крајно расистичка и неразмислена, по што следуваше соодветно извинување од брендот.

deteto-koe-go-noseshe-rasistickiot-dukser-na-h-m-dobi-ponuda-od-milion-dolari-2.png

Но, изгледа мајката на детенцето кое беше модел за дуксерот, не мисли дека се случило нешто страшно за реакции од такви размери.

deteto-koe-go-noseshe-rasistickiot-dukser-na-h-m-dobi-ponuda-od-milion-dolari-1.jpg

Жената со име Тери Манго, која се претставила како мајка на детенцето, на Фејсбук го сподели своето мислење за овој „непотребен проблем“:

„Јас сум мајката и ова е еден од стотиците аутфити кои мојот син ги рекламираше. Престанете постојано да плачете, непотребен проблем... преболете го веќе еднаш.“

Изјавата се појави откако Пи Диди му понуди на детенцето договор за моделинг за неговиот бренд, вреден 1 милион долари.

Додека тимот на Пи Диди ништо не потврдува, раперот на Твитер сподели модифицирана фотка на која детенцето носи круна и дуксер со натпис „најкул крал во светот.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината ... „Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно ...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg