Расистичката грешка на H&M крена прашина и ги чинеше раскинување на соработката со The Weeknd
- Детали
- вторник, 09 јануари 2018
Викендов со сигурност ја видовте фотката од детенце со темна боја на кожа и со зелен дуксер со натпис „најкул мајмун во џунглата“. И тоа се работи за фотка која е дел од каталогот на H&M.
Брендот, кој инаку ужива добар углед и има одлична потрошувачка, беше мета на критики и напади заради овој расистички потег.
За среќа или нивна несреќа, H&M набрзо се извини:
„Разбираме дека многу луѓе се вознемирени од фотографијата. Ние, кои работиме во H&M, можеме само да се согласиме. Длабоко жалиме што фотографијата беше направена, и исто така жалиме за натписот. Затоа, не само што ја тргнавме фотографијата од сите онлајн медиуми, туку и го повлековме производот од понудата во целиот свет.“
Сепак, оваа грешка ги чинеше раскинување на соработката со The Weeknd, кој тоа го објави преку Твитер.
woke up this morning shocked and embarrassed by this photo. i’m deeply offended and will not be working with @hm anymore... pic.twitter.com/P3023iYzAb
-->— The Weeknd (@theweeknd) January 8, 2018
М. Д. | Црнобело