Најголемиот брод доби име
- Детали
- понеделник, 04 јануари 2010
По шест години изградба, конечно е свечено крстен најголемиот луксузен брод за крстарење на светот – Oasis of the Seas. Бродот има 7 кумови и секој од нив...
...треба да се грижи за различен дел од бродот.
Глорија Естефан познатата пејачка е една од кумовите заедно со Мишел Кван (уметничко лизгање), глумицата Џејн Сејмур, пливачката Дара Торес, глумицата Кешио Кнајт Пулиам, гимнастичарката Шон Џонсон и познатата телевизиска и фитнес експертка Дејзи Фуентес.
По церемонијата на крстење започнало и првото ексклузивно крстарење кое вклучувало застанување на приватната плажа на компанијата Royal Caribbean International, на Хаити.
Овој брод е архитектонско ремек дело кое има изненадувачки 20 ката, 16 палуби и 5 пати е поголем од Титаник.
Тежи 220.000 тони. Во 28 луксузни апартмани и 2.700 кабини може да се сместат 5.400 патници за чија удобност се грижат 2.296 членови на персоналот.