Капетан на крузер оставил 8 патници на мал остров во Африка - доцнеле повеќе од еден час

На мал остров во Африка, осум патници го испуштиле времето за качување на крузерот со којшто патувале, па капетанот тргнал без нив. Тие успеале да го стигнат бродот на друго пристаниште, околу десет дена подоцна, а мислењето на јавноста е поделено - некои се на страната на патниците, а други ги критикуваат бидејќи не почитувале едно едноставно правило.

kapetan-na-kruzer-ostavil-8-patnici-na-mal-ostrov-vo-afrika-bidejkji-docnele-povekje-od-eden-chas-trebalo-da-gi-pochituvaat-pravilata-01.jpg

Група туристи кои патувале со крузер биле „заглавени“ на мал остров во Африка скоро 10 дена, откако бродот ги оставил бидејќи доцнеле цел час.

Од осумте патници, шестмина ги оставиле нивните пари на бродот и со себе немале практично ништо.

Откако патниците беа „спасени“, дел од јавноста ја критикуваше компанијата одговорна за патувањето - Norwegian Cruise Line - додека многумина ги насочуваат критиките кон патниците, нарекувајќи ги неодговорни.

kapetan-na-kruzer-ostavil-8-patnici-na-mal-ostrov-vo-afrika-bidejkji-docnele-povekje-od-eden-chas-trebalo-da-gi-pochituvaat-pravilata-05.jpgКрузерот на Norwegian Cruise Line

Па, што точно се случило?

На 27-ми март, крузер кој патувал покрај брегот на Африка застанал на малата островска држава Сао Томе и Принсипе.

Овде, осум туристи нашле приватна тура за разгледување на островот. Но, турата траела подолго од планираното, па тие сфатиле дека нема да стигнат навреме до пристаништето, пред крузерот да го продолжи патувањето.

Групата туристи ја сочинувале Џил и Џеј Кемпбел (пар од Америка), како и уште шест патници од САД и Австралија.

kapetan-na-kruzer-ostavil-8-patnici-na-mal-ostrov-vo-afrika-bidejkji-docnele-povekje-od-eden-chas-trebalo-da-gi-pochituvaat-pravilata-02.jpgЏеј и Џил Кемпбел

Патниците успеале да стигнат на пристаништето додека бродот сè уште бил таму, по што туристичкиот водич кој бил со групата го контактирал капетанот.

Но, тој одбил да им дозволи да се качат изјавувајќи дека бродот е веќе подготвен за тргнување.

kapetan-na-kruzer-ostavil-8-patnici-na-mal-ostrov-vo-afrika-bidejkji-docnele-povekje-od-eden-chas-trebalo-da-gi-pochituvaat-pravilata-10.jpgЕдна од жените од групата пробува да се качи на бродот

Набрзо потоа туристите дознале дека крузерот оставил уште еден патник – 80-годишна жена која била хоспитализирана поради медицински проблем што ѝ предизвикал проблеми со сеќавањето, но и видот.

Притоа, во групата оставени туристи имало и бремена жена, еден патник со проблеми со срцето, а четворица од нив биле постари луѓе.

kapetan-na-kruzer-ostavil-8-patnici-na-mal-ostrov-vo-afrika-bidejkji-docnele-povekje-od-eden-chas-trebalo-da-gi-pochituvaat-pravilata-09_copy.jpg80-годишната жена која била хоспитализирана

Сите патници, освен Џил и Џеј Кемпбел, ги оставиле нивните пари и картички на бродот. Па, парот од Америка се погрижил за нив и наводно потрошиле над 5.000 долари за храна и сместување додека чекале да бидат „спасени“.

Во неделата, 31-ви април, американската амбасада во Ангола им обезбедила лет на патниците до африканската држава Гамбија бидејќи крузерот застанувал таму.

Па, идејата била патниците да се качат од тамошното пристаниште.

Патниците поминале 15 часа патувајќи низ шест африкански држави за да стигнат навреме на пристаништето во недела.

kapetan-na-kruzer-ostavil-8-patnici-na-mal-ostrov-vo-afrika-bidejkji-docnele-povekje-od-eden-chas-trebalo-da-gi-pochituvaat-pravilata-08.jpgДел од групата во Африка

Но, бродот не бил на пристаништето во Гамбија на тој датум – морал да помине уште еден ден на отворено море бидејќи поради осеката не можел да се закотви.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
„Сопругот ми купи приватен остров од 50 милиони долари, за да можам да носам бикини“ „Можел да ти изгради и базен во дворот“ – стои во некои од зајадливите коментари...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg