Капетан на крузер оставил 8 патници на мал остров во Африка - доцнеле повеќе од еден час
По ова, плановите се промениле - туристите требало да го фатат крузерот од пристаништето во Дакар, Сенегал.
Крузерот на Norwegian Cruise Line
Најбрзата опција била да се качат на ферибот од Гамбија, но таму дознале дека баш тој ден траектот не работел.
„Треба да се качиме на ферибот за да стигнеме до Сенегал. Само што дознавме дека бродот не работи, но ни рекоа дека нема проблем бидејќи ќе најделе друг мал брод, па ќе најмиме автомобил за да стигнеме до другото пристаниште.
Тоа се уште четири часа возење со автомобил“, изјави американскиот пар за американските медиуми.
Туристите на брод кон Сенегал
Но, кога стигнале, парот од САД не бил сигурен дали воопшто сакал да се врати на бродот поради третманот што го добиле.
Сепак, на 2-ри април, целата група, заедно со 80-годишната жена која била хоспитализирана, се качила на бродот.
Среде целата драма се огласија од компанијата на крузерот:
„Кога го испуштија времето за враќање во бродот за повеќе од еден час, нивните пасоши беа оставени кај надлежните на пристаништето, за да можат да си ги земат кога ќе се вратат од приватната тура низ островот (која не е организирана од нас). Таков е протоколот“.
Две жени од групата туристи
Подоцна, тие изјавија и дека ќе им вратат дел од парите што ги потрошиле за патувањето од островот до пристаништето во Сенегал.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи има дебата за тоа кој бил во право.
Некои сметаат дека е глупаво што ги оставиле патниците, меѓу кои имало бремена жена и личност со проблеми со срцето.
Парот од САД дава изјава за американските медиуми
Други велат дека компанијата премногу строго ги следи протоколите.
„Секоја ситуација треба да се третира посебно – особено кога имате болни патници. Мора да бидат пофлексибилни во вакви ситуации“.
Некои велат дека компаниите кои организираат патувања со крузери заработуваат милиони и не треба да имаат изговор да ги остават патниците на мал остров.
„Чудно е што капетанот не им дозволил да се качат, без разлика што бродот бил на пристаништето“, е еден од многуте коментари.
Крузерот на Norwegian Cruise Line
Но, други сметаат дека патниците самите се виновни.
Во дел од коментарите, луѓето велат дека патниците не би требало да закажуваат тури настрана од понудата на бродот за да ги избегнат ваквите ситуации.
„Немојте да ги жалите, ги знаат правилата. Ако бродот не тргне навреме, тоа ќе ја чини компанијата многу пари“.
„За оние кои не биле на патување со крузер, дозволете ми да ви кажам. Пред да се симнете од бродот, има безброј најави. Имате дневен планер, има знаци… Треба да се качите на бродот 60 до 90 минути пред тој да тргне“.
„Дури и ако стоите на пристаништето, доколку сте го испуштиле времето за качувате на бродот, најверојатно ќе ве остават. Тргнувањето на бродот е внимателно испланирано. Исто како авионите, бродовите мораат да следат многу стог распоред“.
Што мислите вие – дали вината е кај патниците, или капетанот сепак требало да го одложи тргнувањето на бродот за да се качат?
Спирова С. | Црнобело