Повторно горди! Русинка лизгаше на Proud од Тамара на Европски шампионат во уметничко лизгање (видео)

Евровизиската песна на Тамара, Proud, вчера (11.01) ечеше на Европското првенство во уметничко лизгање што се одржува во Литванија.

povtorno-gordi-rusinka-lizgashe-na-pesna-od-tamara-na-evropski-shampionat-vo-umetnichko-lizganje-video-01.jpg

Руско-српската лизгачка Антонина Дубинина настапи на Европскиот шампионат во уметничко лизгање 2024 што се одржува во Каунас, Литванија, а изведе кореографија на песната Proud од Тамара Тодевска.

Таа настапи во кратката програма на женски сингл, а заврши на 31 место, со вкупен резултат 41.28.

povtorno-gordi-rusinka-lizgashe-na-pesna-od-tamara-na-evropski-shampionat-vo-umetnichko-lizganje-video-02.jpg

Сепак, она што остави поголем впечаток беше тоа што ја избра евровизиската песна на нашата Тамара, Proud, која ечеше на лизгалиштето во Каунас.

Антонина е родена во Москва на 23 октомври 1996 година, а почнала да тренира уметничко лизгање на 5 години.

povtorno-gordi-rusinka-lizgashe-na-pesna-od-tamara-na-evropski-shampionat-vo-umetnichko-lizganje-video-03.jpg

Таа има српско-руско потекло и настапува за Србија.

Досега еднаш се натпреварувала на Светското првенство во уметничко лизгање, во сезоната 2017/18, а шестпати учествувала на европските шампионати.

povtorno-gordi-rusinka-lizgashe-na-pesna-od-tamara-na-evropski-shampionat-vo-umetnichko-lizganje-video-04.jpg

Таа 6 пати станала шампион на Србија во уметничко лизгање.

Настапот на Антонина почнува на 1:09:20

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg