Ангел и го спасил животот
- Детали
- понеделник, 02 ноември 2009
55-годишната Монтсе Вентура тврди како некоја жена која седела наспроти неа во автобусот за Барселона, ја советувала веднаш да се тестира...
... за акромегалија, болест која настанува поради претерано лачење на хормонот за растење кое може да предизвика тумор на хипофизата.
Вентура додава како никогаш порано не слушнала за таква болест, но жената на и дала парче хартија на кое напишала што може да и помогне.
"Ми напиша што порано да одам на доктор, дека ако чекам додека да ми се влоши ситуацијата, може да биде прекасно.
Месец дена подоцна отидов на својот вообичаен преглед на гинеколог. И го дадов парчето хартија и ја замолив да ме прегледаат", се потсетува Вентура.
"На изненадување на докторката резултатите од тестовите покажаа дека ситуацијата е алармантна.
Нивото на хормонот ми беше потполно пореметен. Направив уште тестови и на крај завршив со операција на тумор која за среќа заврши успешно".
Вентура кажува дека таа разговарала со својот "ангел чувар" преку телефон, а двете жени ќе се запознаат откако на Вентура ќе и се стабилизира ситуацијата.