Вирално видео: Неуспешно запросување во Рим – девојка го одби дечкото пред толпа луѓе

„Не сум подготвена. За ова ли дојдовме во Рим?“ – вели изненадената девојка која го одби дечкото што ја запроси во италијанската престолнина пред толпа луѓе.

viralno-video-neuspeshno-zaprosuvanje-vo-rim-devojka-go-odbi-dechkoto-pred-tolpa-lugje-01.jpg

Неретко мажите одлучуваат да ги запросат нивните девојки додека се на патување. Ова е тренд што го забележуваме и кај нас, а многупати и девојките очекуваат запросување доколку се во подолга врска со саканиот.

Сепак, не секоја девојка сонува за запросување на атрактивна дестинација пред многу луѓе. И, за партнерите е важно да го имаат ова предвид.

Деновиве на ТикТок се споделува видео со неуспешно запросување во Рим. Видеото е снимено на улицата Via dei Condotti и опкружувањето е навистина романтично.

Дечкото и девојката стојат среде улица, а над нив има многу новогодишни сијалички. Околу нив, пак, има собрано и толпа луѓе, а во заднина се слуша и песната O Sole Mio.

Но, како што момчето клекнува на колено, од реакцијата на девојката станува јасно дека не е најпријатно изненадена.

Според италијанските медиуми, таа на италијански му повторува:

„Не очекував. Не сум подготвена. За ова ли дојдовме во Рим?“

viralno-video-neuspeshno-zaprosuvanje-vo-rim-devojka-go-odbi-dechkoto-pred-tolpa-lugje-02.jpg

Но, дечкото неколкупати ја прашува дали одговорот е да или не. Целата драма трае околу една минута, за на крај девојката да рече не, по што дечкото станува.

Во коментарите на видеото, повеќето корисници велат дека им е чудно што дечкото не си ја познава својата девојка доволно.

„Секогаш ме шокира тоа што луѓето не си ги познаваат партнерите доволно добро за да знаат дека за нив запросувањето во јавност е непријатно“.

„Бившиот партнер ме запроси на врвот на London Eye. Имаше многу луѓе и се чувствував засрамено. Реков да бидејќи во нас гледаа многу луѓе, но раскинавме по седум месеци“.

„Секогаш прашајте го партнерот дали би сакал јавно запросување. Треба прво да разговарате за ова“.

„Ако бев на нејзино место, ќе се налутев. Кога запросувањето е јавно, изгледа како да немаш друг избор“.

viralno-video-neuspeshno-zaprosuvanje-vo-rim-devojka-go-odbi-dechkoto-pred-tolpa-lugje04.jpg

Сепак, некои ја критикуваат девојката:

„Подобро да кажеше да во јавност, па да го одбие приватно. Јас не би сакала така да го посрамотам партнерот“.

„Штом девојката не го прифаќа запросувањето, дечкото треба да ѝ раскине. Не е важно дали е подготвена или не, тоа значи дека се на различно ниво“.

Погледнете го видеото:

@herclueless

Good @Cartier has a 30day return policy @herclueless

♬ original sound - herclueless

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...
„Што трпат децата заради нереализираните мајки?“ - Девојче во солзи вежба ритмичка гимнастика „Моето храбро девојче“ – напиша гордата мајка до видеото на кое што се гледа как...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg